НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Популацијата на балкански рис е стабилна, но, се соочува со одредени закани

0
By Ана Василевска on September 21, 2023 ВЕСТИ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Популацијата на балканскиот рис е доста мала, се работи за околу четириесетина, педесет рисови во природа на кои им треба секаков вид на помош, од страна на македонските институции, невладиниот сектор, меѓународното тело, со цел да се овозможи што поголема заштита на балканскиот рис на овие простори во Западен Балкан. Сега засега сметаме дека популацијата е стабилна, дека не опаѓа, меѓутоа се соочува со одредени закани, како што се размножувањето во сродство, што пркоси на мали изолирани популации и може да придонесе до огромен пад и на крај, целосно да исчезне таа популација.

Ова го истакна денеска Диме Меловски, раководител на програмата за зачувување на диви животни во Македонското еколошко друштво, кој ја презентираше програмата за закрепнување на балканскиот рис во Европската куќа во Скопје.

Тој потсети дека станува збор за една долгогодишна континуирана програма што се работи во три држави на Балканот – Македонија, Албанија и Косово.

– Тука сме да ги презентираме резултатите, пред институции што главно се занимаваат со меѓународни прашања. Има тука и претставници на невладини организации, на амбасади. Се е под покровителство на евроамбасадорот Дејвид Гир. Целта е да ги информираме за тековните случувања со проектот и да понудиме соработка, рече Меловски.

Тој појасни дека оваа фаза од програмата ќе трае уште во наредните четири години.

– Мислам дека овие наредни четири години ќе биде клучно, што повеќе да се има соработка со сите институции, кои барем малку ја допираат заштитата на животната средина. Со цел да имаме поддршка во справување со оваа последна закана што ја детектиравме, размножувањето во сродство, додаде Меловски.

Пред присутните се обрати и амбасадорот Дејвид Гир, шеф на делегацијата на Европската Унија. Тој истакна дека заштита на природата, одржување на биодиверзитетот и подобрување на одржливото користење на природните ресурси, отсекогаш биле мошне важни за Европската Унија.

Тој рече дека кризата со биодиверзитетот мора да дојде во преден план на глобалната политичка агенда, исто како и климатските промени.

– Северна Македонија е домаќин на богат биодиверзитет, вклучувајќи многу загрозени, ретки и ендемични видови, како и релативно големи нерасипани екосистеми. Глобалниот тренд на биодиверзитетска загуба, ја погодува и оваа држава, па акции кон заштита и зачувување на такво богатство е од најголема важност, посочи Гир.

Тој додаде дека Македонското еколошко друштво е особено ценето за активизмот што го демонстрира за заштита на природата, вклучувајќи ја борбата против биодиверзитетската загуба.

Сегашните предизвици во зачувување на природата, подвлече Гир, може да бидат решени само со заедничка посветеност на сите и акција на секој од нас.

Дека темата е важна, се осврна и Робертина Брајаноска, извршен директор на Македонското еколошко друштво.

Таа исто така нагласи дека е многу важна соработката меѓу институциите и сите други субјекти, за зачувување на овој вид и подобрување на популацијата. Затоа, додаде, голема е и заинтересираноста на досегашните партнери од странство, кои имаат помагано во овој процес.

Балканскиот рис Дејвид Гир
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.