НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Постигнат договор за таксите на Европската агенција за лекови

0
By Blerina Tahiri on September 26, 2023 ВЕСТИ
Фото: news.err.ee
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Советот на ЕУ и Европскиот парламент постигнаа договор за Регулативата за модернизација и поедноставување на структурата на надоместоците што и се плаќаат на Европската агенција за лекови (ЕМА), соопшти шпанскиот министер за здравство Хозе Мануел Мињонес Конде.

– Договорот ќе овозможи транзиција кон одржлив, поедноставен и пофлексибилен систем на такси за Европската агенција за лекови. Адекватното финансирање за Агенцијата е од огромно значење за обезбедување сигурност во снабдувањето со висококвалитетни лекови на пазарот на Унијата, истакна Мињонес Конде, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ.

Постигнувањето на политичкиот договор го поздрави Европската комисија, кој и ја предложи Регулативата лани во декември, со цел, како што образложи, подобра работа на ЕМА за проценка на квалитетот, безбедноста и ефикасноста на лековите пред да биде дозволена нивна употреба во ЕУ.

– Тоа ќе и овозможи на Агенцијата да продолжи со научната посветеност во евалуацијата и надзорот на лекови за луѓето и животните. Надоместоците, исто така, подобро ќе го покријат важниот научен придонес на властите на земјите членки во овој процес, посочи ЕК.

Според правилата на ЕУ, кога една компанија бара одобрение за употреба на нејзин лек, плаќа надомест на ЕМА за спроведување на научна проценка на медикаментот, од кој Агенцијата дел им исплаќа на националните власти вклучени во процесот на проценка.

За таа намена се проценува дека во текот на годинава ЕМА на националните регулаторни агенции за лекови од својот буџет ќе им исплати околу 163 милиони евра.

Со постигнатиот договор се рационализира структурата на надоместоците на ЕМА, со цел да се обезбеди поадекватно покривање на сите поврзани трошоци и поголема транспарентност во однос на износите што им се префрлаат на националните власти.

– Новите правила, исто така, воведуваат механизам за следење на трошоците и флексибилност за прилагодување на надоместоците во случај на значителни промени на основните трошоци, се наведува во соопштението на ЕК.

Во вкупниот буџет на ЕМА за 2023 година, 89 проценти од средствата потекнуваат од наплатата на овие надоместоци.

Од Комисијата посочуваат дека при изработка на Регулативата се имале предвид и специфичностите на ветеринарниот сектор за да се обезбеди намалувања на надоместоците за поддршка на достапноста до лекови за животните.

По постигнатиот договор, Европскиот парламент и Советот на ЕУ треба и формално да ја одобрат Регулативата. Таа ќе стапи во сила следниот ден по нејзиното објавување во Службениот весник на ЕУ.

ЕМА ЕУ такси
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.