НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Орден за заслуги

0
By Blerina Tahiri on September 26, 2023 ВОЈНА ВО УКРАИНА, ПОЛИТИКА, СТАВ
Од конференцијата „Украина, година на хероизмот“, Дом на Армијата, Скопје, 24 февруари 2023 (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фасциниран сум како украинската држава функционира среде ракетен терор и геноцидна војна. Благодарен сум му на Претседателот Зеленски за орденот за заслуги. Му благодарам на нашиот Володимир и на нацијата-херој за пожртвуваната борба за слобода на Украина и за слобода на целиот свет!

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, со УКАЗ ПРЕЗИДЕНТА УКРАЇНИ №556/2023, ми додели орден за заслуги. Веста за ова ја добив точно напладне, на 25 септември.

Не знам колку долго гледав во пораката и колку пати ја прочитав. Потоа кликнав на линкот до Указот од Претседателот на Украина. Прелетав преку листата на добитници на ова државно одликување од земјата – херој и инспирација на слободниот свет. Веднаш над моето име е Ален Делон. Молам? Ален Делон? Подолу на листата е Кетрин Денев! Горе на листата е Јенс Столтенберг! На листата е и нашата министерка за одбрана, Славјанка Петровска. Директори на фондации, компании, министри и пратеници од голем број земји во светот, американски сенатори, научници, уметници… И моето име е меѓу нив, добитниците на неколку различни државни признанија и ордени.

Бев длабоко трогнат, радосен и возгордеан. „Претседателот Зеленски ми додели орден за заслуги!“ – извикав, додека ги правев тие десетина чекори до просториите на моите колешки и колеги. Ме дочекаа широки насмевки и извици на одобрување, честитки и „Слава Україні! Героям слава!“

Но! Овој орден, ова високо признание, овој гест со кој украинскиот лидер, неговиот кабинет и, секако, Министерството за надворешни работи на земјата – тоа не ми припаѓа само мене. Тоа е заедничка заслуга на сите мои колешки и колеги во ЦИВИЛ и во Фронтлајн. Таа мисла ме опфати целосно и ја споделив со нив. Работам со скромни, вредни и посветени луѓе. Знаев дека веднаш ќе ми возвратат со „не, не, тоа е твоја заслуга, нека ти е честито“, но инсистирав на тоа и го повторив многу пати тоа попладне, а денеска и сакам да го напишам, да остане трага за мојот цврст став – овој орден од Претседателот Зеленски е наше, заедничко одликување и признание.

Морам да признам дека, освен што бев возгордеан, радосен и трогнат, истовремено бев и збунет. Но се снајдов, побарав некое торбуле и заедно со Дијана појдовме до продавница да купиме грицки, пиво, Кока-Кола и Рошен наполитанки (да, купуваме и украински продукти секогаш кога можеме), а другарот Јане го замолив да го донесе вискито од „тајниот“ (не е таен) шкаф.

Се сликавме, се гушкавме и си честитавме – сите мене, а јас ним. И сега, во раните утрински часови, се навраќам на вчерашниот ден и ги читам честитките во пораките и во објавите на социјалните мрежи. Искрено, длабоко сум трогнат и благодарен. По една и пол година жестока борба со дезинформациите и пропагандата од Кремљ и од прокси центрите на моќта низ Европа, Балканот и во нашата земја, можам да кажам дека сите заедно правиме нешто навистина значајно и големо. Сите заедно, по цена на непроспиени ноќи, соочени со говор на омраза и закани што врз нас ги истураат рашистичките пропагандисти и ботови – бескомпромисно и непоколебливо стоиме на страната на вистината, наспроти злото што ги нападна украинската нација-херој и слободниот свет.

Но има уште нешто што бесконечно ме фасцинира од самиот почеток на бруталната руска агресија. И сметам дека треба да се нагласи и во оваа прилика.

Украина. Украинските граѓанки и граѓани, институциите, војската, волонтерите, пожарникарите, медицинскиот персонал, полицајците, стари, млади, мажи, жени и деца, заедници по сите основи, поединци – сите – во ниту еден миг не престанаа да се грижат за секојдневното функционирање на државата Украина.

Под пеколниот оган на руската артилерија насочена кон цивилните цели, храбрите и вредни Украинки и Украинци се грижат за снабдувањето, транспортот, житните посеви… се грижат да стасаат пензиите на време, да се исплатат плати, да се обезбедат луѓето со основна здравствена заштита… образование за децата и младите, култура и уметност за сите… да се борат против криминалот и корупцијата… да спроведуваат дури и реформи! И при сето тоа, да се борат против непријателот кој сака да ја уништи украинската нација.

А јас? Јас само ја исполнував мојата човечка и професионална обврска – застанав на страната на вистината, фактите и човечноста, на страната на слободата. И за тоа – добив орден на заслуги. Бесконечна е широкоградоста на украинската нација, неизмерна е посветеноста на нивниот претседател, г-дин Володимир Зеленски. Тие се херои на овој век, инспирација за денешните и идните генерации слободни луѓе.

Тие, Украина и нејзиниот лидер, се заслужни граѓани на светот. Тие ја заслужуваат нашата благодарност и целосна поддршка!

*

ПС. Благодарам г-дин Володимир, благодарам Украинскиот народ! Дякую пане Володимире, дякую Українському народові!

Сакам да упатам искрена и длабока благодарност до Амбасадата на Украина, на амбасадорките Наталија Задорожњук и Лариса Дир, и на Володимир Вербицкиј за отвореноста и достапноста.

Преземено: Цивил Медиа


Текстот е личен став на Авторот.
борба за слобода Зеленски Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.