НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Играта” околу уставните измени е многу поголема од инаетењето на Мицкоски, блокадата е во корист на Русија

0
By Blerina Tahiri on September 28, 2023 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Блокадата на уставните измени, а со тоа и запирањето на евроинтегративниот процес на државата од старана на опозициската ВМРО-ДПМНЕ оди во корист на проруските сили во регионот, сметаат политичките аналитичари во изјави за Фронтлајн.

Апсолутно дека блокадата е во корист на Русија, и затоа први се со помош на нашите проруски сили за да го попречи нашето зачленување во ЕУ. И во последниот инцидент на Косово кој сè уште трае мислам дека длабоко е вмешена Русија. На Путин му треба да го дестабилизира нашиот регион за да го сврти вниманието на меѓународната јавност од војната што ја води во Украина, вели за „Фронтлајн“ – политичкиот аналитичар Ацо Кабранов.

Политикологот Благојче Атанасоски смета дека ,,играта” околу неизгласувањето на уставниве измени е многу поголема од инаетењето на опозицијата да не се изгласаат, во калкулација со нејзиниот партиски рејтинг.

Сметам дека спречувањето на продолжување на македонските евроинтеграции е всушност борба помеѓу америнските интереси (да се продолжи со европските интеграции на Македонија) и руските (да се блокираат), како една поширока слика на пополнување на геополитичкиот вакум кој е создаден на просторот на Западен Балкан, во сите преостанати земји, меѓу кои и Македонија, вели Атанасоски за „Фронтлајн“.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг (ФАЦ), меѓудругото изјави дека најдобрата гаранција за зачувување на македонскиот идентитет е, по влезот во НАТО, земјата да стане членка и на ЕУ. Сепак, забележува дека Северна Македонија е најмалтретираната земја во процесот на проширување на ЕУ.

–  За жал, често сме биле разочарани, а динамиката во бугарската политика е толку несигурна што не се знае што ќе донесе утрешниот ден. Прилично сум сигурен дека Бугарија постојано ќе формулира нови барања. Но, за мене е важно што е на агендата на ЕУ, ништо друго. Ние постигнавме компромис со Бугарија, акциски план за малцинствата. Сакаме темата да ја префрлиме од историски интерпретации и идентитетски прашања кон човековите и малцинските права, затоа што во тоа сме добри. Тоа го кажувам како човек кој не доаѓа од најголемата етничка група во земјата. Северна Македонија изгради уникатен модел на функционална мултиетничка демократија, наспроти сите скептици кои сметаа дека тоа на Балканот не е можно, вели Османи.

Шефот на дипломатијата смета дека анкетите кои покажуваат оти мнозинството граѓани се против уставните измени се погрешно интерпретирани.

– Граѓаните го отфрлаат вметнувањето на идентитетско-политичките конфликти во процесот на проширување на ЕУ, но од претстојните уставни измени нема таква опасност, напротив, посочува Османи и дополнува дека тие „ќе ја зацврстат и прошират мултиетничката демократија“.

Од друга страна опозициската ВМРО-ДПМНЕ, како што изјавува за „Фронтлајн“ портпаролката Марија Митева, со будност ги следи случувањата во регионот, тензиите меѓу Србија и Косово, случувањата во Босна и Црна Гора и апелира до Владата да ги заштити државните интереси.

 Со будност ја следиме состојбата, апелираме до Македонската власт да ги заштити интересите на државата, вели за „Фронтлајн“ – портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

Запрашана дали блокадатат на уставните измени е во интерес на руските интереси во Северна Македонија, таа со одговор дека уставните измени под бугарски „диктат“ исклучиво се во корист на 80 % на граѓаните.

ВМРО ДПМНЕ препознава склоност на одредени сили да бараат светски заговор за глупоста на власата. Спречувањето на уставните измени под бугарски диктат е исклучиво во корист на 80 % од граѓаните на Македонија, кои се изјаснуваат дека се против вакви уставни промени, изјави Митева за „Фронтлајн“.

Дестан Јонузи / Фронтлајн

Ацо Кабранов Благојче Атанасоски ВМРО-ДПМНЕ Русија уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.