Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи: Заедничките политички интереси со САД отвораат нови потенцијали за економскиот раст и развој

0
By Ана Василевска on September 28, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 28, 2023 15:09

Северна Македонија ја ужива целосната поддршка на САД за нејзините стратешки политики за полноправно членство на земјата во ЕУ, рече заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, за време на неговиот престој во САД, каде се сретна со високи претставници на Стејт департментот, Департментот за трговија и Департментот за финансии на САД и со претставници на Светската банка и ММФ.

Битиќи посочи дека заеднички беше оценето дека европска интеграцијата не претставува само за усогласување со збир на политики, туку, како што рече, се работи и за прифаќање на иднина која ќе донесе многу повеќе можности за просперитет и напредок за секого во Северна Македонија.

-Во нашите европски аспирации кои ги зајакнуваат идеалите на демократијата и просперитетот имаме силна поддршка од Вашингтон, но одлуката дали ќе изградиме држава која ќе ги отелотворува европските вредности ќе треба да се донесе од пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, изјави Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи го потенцираше признанието и охрабрувањето на американските власти за забрзана енергетска диверзификација и транзиција кон обновливи извори.

-Подеднакво значајно е и признанието, охрабрувањето што го добивме за нашата забрзана енергетска диверзификација и транзиција кон обновливи извори, со која правиме скок нанапред во однос на одговорноста за животната средина и создаваме нови економски можности кои ќе значат повеќе и добро платени работни места за нашите граѓани, помали трошоци за енергија, посилна и поотпорна економија на енергетски кризи. Станува збор за создавање на енергетски одржлива економска иднина, во чие создавање сме и ќе бидеме поддржани од САД и меѓународните финансиски институции, изјави Битиќи.

На средбите во САД, високите политички претставници на американската администрација ја потврдиjа соработката и споделувањето на заеднички политички вредности, интереси и цели на глобалната сена.

-Ова стратешко партнерство, втемелено во одличните билатерални односи и сојузништвото во НАТО,  не само што ја зајакнува геополитичката положба на Северна Македонија, туку преку продлабочување на економските односи ќе отвори нови и одржливи извори на економскиот раст и развој, технолошкиот напредок и просперитетот на државата, додаде Битиќи.

САД Фатмир Битиќи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 27, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

ВЕСТИ May 27, 2026

Украинскиот претседател Володимир Зеленски испратил итно писмо до американскиот претседател Доналд Трамп, предупредувајќи го на…

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026

Собранието усвои ново државно задолжување од 260.000.000 евра

May 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран – Техеран се заканува со построг одговор

May 26, 2026
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.