НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Австрија предлага унапредување на постепената интеграција на Западниот Балкан на патот кон полноправно членство во ЕУ

0
By Ана Василевска on September 28, 2023 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Иако ја препознаваме важноста да се разговара за реформите во Унијата и за иднината на ЕУ, сметаме дека тоа не треба да се користи како изговор за одложување на процесот на проширување на нашите партнери од Западен Балкан, со кои преговараме со години и децении. се наведува во писмото на австриската Влада упатено до високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји и до министрите и државните секретари за надворешни работи и европски прашања на членките ЕУ.

Повикувајќи се на декларацијата на „Пријателите на Западен Балкан“ од јуни 2023 година, во Австрија бара од институциите на ЕУ да презентираат јасна агенда за етапна и забрзана интеграција на земјите од Западен Балкан со конкретни чекори за имплементација до 2024 година и во следниот период, врз основа на „фер и ригорозни услови и принципот на поединечни заслуги“.

Во поисмото, потпишано од австрискиот министер за надворешни работи Александер Шаленберг и министерката за ЕУ и уставни прашања Каролине Едштадлер, се посочува дека Австрија целосно се согласува со важната порака што претседателката на Европската комисија ја нагласи во своето обраќање за „Состојбата на Унијата“ пред ЕП кон средината на овој месец дека „Иднината на Западен Балкан е во нашата Унија“.

– Дваесет години по Самитот ЕУ-Западен Балкан во Солун, оваа пораката е поважна од кога било. Во исто време, очигледно е дека сегашниот процес на проширување станува се покомплексен и побирократски и затоа напредува премногу бавно, се додава во документот.

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, во писмото се посочува дека руската агресија врз Украина го промени политичкиот пејзаж на Европа и направи земјите од Западен Балкан и нивните граѓани уште побрзо е да се поврзат со ЕУ, па затоа треба да создаде „рамноправно поле за игра“ со другите кандидати и аспиранти, кои веќе ги уживаат придобивките на вклученост во зоната на слободна трговија.

– Надоврзувајќи се на австрискиот нон-пејпер од мај 2022 година, заклучоците на Европскиот совет од 23 и 24 јуни 2022 година, како и на новиот план за раст за Западен Балкан, објавен од претседателот на Комисијата во мај 2023 година, сметаме дека од клучно значење е понатамошно унапредување на постепената интеграција на Западен Балкан на патот кон полноправно членство, се вели во документот.

Австрија најавува дека изработила листа на конкретни предлози, кои ќе ги елаборира пред Претседателството на ЕУ, институциите на Унијата и заинтересираните земји членки, особено на оние од групата „Пријателите на Западниот Балкан“.

– Се надеваме дека овие предлози ќе придонесат за нашите претстојни дискусии и ќе бидат брзо имплементирани, се додава во писмото.

Австрија ЕУ Западен Балкан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.