НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Медитеранските земји од ЕУ повикуваат на обединет одговор за миграцијата

0
By Marta Pesevska on September 30, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото извор: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Медитеранските земји од Европската унија (ЕУ) вчера во Малта повикаа на „обединет“ одговор на миграциската криза, дури и откако италијанската премиерка Џорџа Мелони изрази резерва за улогата на невладините организации и за истоварувањето на мигрантите спасени од тие организации.

„Ја повторуваме потребата да се зголемат напорите на ЕУ со земјите на потекло или транзит на мигранти“, се наведува во завршната декларација од состанокот „Мед9“, на кој учествуваа Хрватска, Кипар, Шпанија, Франција, Грција, Италија, Малта, Португалија и Словенија.

Домаќинот на самитот, малтешкиот премиер Роберт Абела, оцени дека прашањето за мигрантите „мора да се реши во корен“, со „цврсти и глобални партнерства со сите партнери во јужниот дел на Медитеранот“.

-Вонредната ситуација многу јасно повикува на единствен европски одговор и нè наведува сите да покажеме солидарност со Италија, рече францускиот претседател Емануел Макрон.

Помеѓу јуни и август, најмалку 990 лица загинаа во централниот дел на Медитеранот. Мигрантите вообичаено заминуваат од Северна Африка и Турција за да стигнат до Италија и, во многу помала мера, до Малта.

Според податоците на ОН, во периодот од јануари до средината на септември со импровизирани чамци околу 11.600 „малолетници без придружба“ се обиделе да стигнат до Италија, што е за 60 отсто повеќе отколку во истиот период во 2022 година.

Извор: МИА

ЕУ Мигранти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Единаесет лица загинаа и 130 се повредени во експлозија во фабрика во Русија

August 16, 2025

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025
ФОКУС

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

ВЕСТИ August 16, 2025

„Србија не може да се смири“ е новиот слоган на протестите ширум Србија вечерва. Тие…

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Трамп ѝ понудил на Украина гаранции моделирани според Член 5 од НАТО

August 16, 2025

Собрание на Република Северна Македонија: Ништо од изменитене на Изборниот законик за процентот потписи за независни кандидати

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.