Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петровска од Варшавскиот безбедносен форум: Инвестираме во одбраната за побезбедна Северна Македонија, посилно НАТО

0
By Marta Pesevska on October 3, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 3, 2023 18:20

Министерката за одбрана Славјанка Петровска утрово учествуваше на дискусијата на високо ниво на тема „Европа во војна: Зацврстување на колективната одбрана на НАТО“, на која заедно со претседавачот со Воениот комитет на Алијансата адмиралот Роб Бауер, словенечкиот министер за одбрана Марјан Шарец и министерот за вооружените сили на Обединетото Кралство Џејмс Хипи, со модерација од поранешниот командант на Армијата на САД за Европа, генерал-потполковник во пензија Бен Хоџис, разговараа за состојбата на Косово, европските интеграции на земјите од регионот, регионалната соработка, како и поддршката за Украина и руското влијание во овој дел од Европа.

За Северна Македонија, потенцираше министерката Петровска, прв приоритет е вложувањето во одбраната и градењето на капацитетите на Лесната пешадиска баталјонска група како наша НАТО цел на способност.

„Секоја инвестиција што ја правиме во одбраната не е инвестиција што ја правиме само затоа што сме земја членка на НАТО, но пред се го правиме за да го зајакнеме нашиот национален одбранбен систем и секако да придонесеме за колективниот систем на одбрана на НАТО. Следната година ќе одвоиме 2% од бруто домашниот производ за одбрана, но уште поважно е дека повеќе од 30% од тие средства ќе бидат инвестирани во модернизација и опремување“, рече министерката.

Таа подвлече дека  Северна Македонија како членка на НАТО не е само корисник на придобивките од членството туку и активно придонесува кон системот на колективна одбрана.

Во однос на хибридните закани и штетните дезинформации кои доаѓаат од разни актери, министерката посочи дека целта на руските дезинформациски кампањи е да се поткопа авторитетот на Министерството и неа лично како министерка и дека најдобриот начин за справување со ова влијание е транспарентноста, отвореноста и постојаната размена на информации. Петровска посочи неколку примери, како дезинформацијата дека се намалува борбената готовност на Армијата со донациите на воена опрема на Украина, при што истакна дека отпорноста ја градиме со повеќе чекори.

„Прв чекор е да сте свесни каде цели руското влијание во Северна Македонија и ние сме свесни за тоа. Второ треба да имаме јасна политичка посветеност дека сакаме да се справуваме со ова руско штетно влијание и ние тоа во Северна Македонија го имаме и трето е да преземеме одредени мерки и активности и го правиме тоа“, подвлече министерката. Додаде дека изминатиот период повеќе од 20 лица беа прогласени за „персона нон грата“ зашто беше утврдено дека тие не работат согласно дипломатски правила и дека се обидуваа да имаат негативно влијание на домашните работи и работата на институциите.

Министерката Петровска рече дека земјите од Западен Балкан  имаат слабости кои се препознаваат, но за разлика од западните демократии кои се обидуваат да помогнат во надминување на слабостите, Русија ги злоупотребува за продлабочување на разликите и создавање кризи.

За помошта и поддршката на Украина, министерката истакна дека досега Северна Македонија има донесено повеќе од десет одлуки за донација и дека државата е подготвена да ја продолжи оваа помош согласно барањата од Украина и домашните капацитети, сè додека е потребно.

„Ние сме свесни дека Украина се бори во војна која е важна за сите нас. Тие се борат за нивното право да живеат во суверена и независна земја како што е нивната, така што тие ја заслужуваат нашата поддршка на секој можен начин“, заклучи министерката.

Министерот за одбрана на Словенија, Марјан Шарец зборувајќи за интегративните процеси во регионот, порача дека членството во НАТО за Северна Македонија и Црна Гора е одличен чекор, но дека треба да оди заедно со членството во Европската Унија.

„Присуството на Европската унија во регионот е најдобриот лек за тензиите на Балканот и затоа земјите од Западниот Балкан треба да станат полноправни членки на унијата колку е можно побрзо“, рече министерот Шарец.

Варшава Петровска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.