Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Благодарение на мерките на Владата конечно се решава деценскиот проблем со лицата без документи

0
By Marta Pesevska on October 4, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 4, 2023 20:08

Новите измени на законите за престојувалиште и живеалиште и за лична карта ќе значат целосно решавање на  бездржавјанството во Република Северна Македонија.

Овие лица  поради непоседувањето на имот и неможноста да обезбедат докази за сопственоста на имотот или договор за закуп практично остануваа без пријавена адреса за живеење а со тоа и без лична карта. Со новите измени во законот за пријавување на живеалиште и престојувалиште, се уредува начинот на кој што лице бездомник може да пријави адреса – живеалиште во Центарот за социјална работи и се дава можност бездомникот да ја пријави за адреса – живеалиштето на физичко лице кое се согласило да ја даде својата адреса. Воедно, покрај сопственост и закуп  со измените се додава и можноста живеалиштето да се пријави и со: договор за послуга, договор за доживотна издршка, писмена потврда издадена од општината, со која се потврдува постоење на бесправно изграден објект за живеење.

Во јуни годинава Собранието ги усвои и измените на Законот за матична евиденција и се овозможи секое дете родено во земјата да добие извод при раѓање, без разлика дали неговите родители се без документи или без државјанство.

Секое дете родено на територијата на Република Северна Македонија има право на упис во матична книга на родени веднаш, а најдоцна 45 дена од денот на раѓањето на детето, независно од државјанството и личниот статус на неговите родители, стои во еден од членовите на Законот за матична евиденција.

Министерството за внатрешни работи додели државјанство на 290 лица без државјанство.

Управата за водење на матични книги (УВМК) во  засилено темпо во соработка со Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјална политика, Советникот за инклузија на Роми- Елвис Мемети во КПВРСМ и граѓанскиот сектор (Институт за истражување и политики Ромалитико) кои работеа директно на терен со  неевидентираните лица во матичните книги, за период од 2 месеци по донесувањето на измените на законот решени се 310 предмети кои добија извод на родени.

Овие значајни мерки и политики на Владата го трасираат патот на Република Северна Македонија да стане првата држава во Европа и втората во светот која ќе го искорени бездржавјанството.

 

 

 

 

 

 

бездржавјанство Влада измени мерки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.