НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Махса Амини и движењето „Жена, живот, слобода“ од Иран добитници на наградата „Сахаров“ за 2023 година

0
By Ана Василевска on October 19, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Џина Махса Амини
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Починатата иранска активистка за правата на жените Џина Махса Амини и движењето „Жена, живот, слобода“ од Иран се добитници на Наградата за слобода на мислата „Сахаров“ за 2023 година, што ја доделува Европскиот парламент, јави дописникот на МИА од Брисел.

Како што соопшти претседателката на Европарламентот Роберта Мецола на денешното објавување на лауреатите, 16 септември 2022 година ќе остане запаметен по бруталното убиство на 22-годишна Џина Махса Амини, што претставуваше поттик за движењето на правата жените во Иран, кое испиша историја.

– Светот ги слушна повиците „жена, живот и слобода“, три збора кои станаа поттик за сите оние кои се залагаат за еднаквост, достоинство и слобода во Иран. Затоа, денеска да им оддадеме почит на храбрите и пркосни жени, мажи и млади луѓе во Иран, кои го зголемија притисокот за промени, истакна Мецола, додавајќи дека Европскиот парламент ги слушна, а светот ги виде овие барања.

Иранската активистка за женски права Амини беше уапсена и претепана од припадници на т.н. „морална полиција“ при нејзината посета на Техеран во септември 2022 година, затоа што „го носела хиџабот на неправилен начин“. Таа почина неколку дена подоцна, што предизвика масовни протести во Иран предводени од жени под слоганот „Жена, живот, слобода“. Демонстрантите протестираа против Законот за хиџаб и другите законски акти со кои се дискриминираат жените во Иран.

Демонстранти во Техеран и во други ирански градови, денеска запалија полициски станици и возила

Покрај, овогодишни избрани финалисти за освојување на наградата беа и борците за човекови права Вилма Нуњез де Ескорсија и бискупот Роландо Хозе Алварез Лагос од Никарагва, како и застапничките за легализација на абортусот Јустина Видрињска од Полска, Морена Херера од Салвадор и Колин Мекниколас од САД.

Одлуката за овогодишните добитници на наградата ја донесе Конференцијата на претседатели на Парламентот, што ја сочинуваат Мецола и лидерите на пратеничките групи во ЕП меѓу финалистите избрани од страна на комисиите за надворешни работи и за развој, врз основа на предложената листа на номинирани кандидати. Право на номинирање на кандидати за наградата „Сахаров“ имаат пратеничките групи во Европарламентот или најмалку 40 европратеници.

Европскиот Парламент ја додели наградата Сахаров за слобода на мисла на Светлана Тихановскаја, Марија Колесникова и Вероника Цапкала од белоруската опозиција за нивната храброст во борбата пр

Наградата за слобода на мислата „Сахаров“ ја доделува Европскиот парламент секоја година од 1988-та на поединци или организации кои ги штитат човековите права и основните слободи. Таа е именувана по советскиот физичар и политички дисидент Андреј Сахаров и нејзиниот паричен надомест изнесува 50.000 евра.

Инаку, покрај избраните финалисти за овогодишната награда „Сахаров“ беа номинирани и технолошкиот магнат и сопственик на „СпејсИкс“, „Тесла“ и „Х Корп“ (поранешен „Твитер“), Илон Маск, еколошката активистка од Уганда, Ванеса Накате и поранешната грузиска јавна правобранителка Нино Ломжарија.

Минатата година наградата „Сахаров“ му беше доделена на украинскиот народ, а меѓу досегашните нејзини лауреати се и Нелсон Мандела, Малала Јусафзаи, Кофи Анан, Александар Дупчек, Алексеј Навални, Ибрахим Ругова, Обединетите нации, организацијата Репортери без граници и демократските опозиции во Белорусија и Венецуела.

Иран Наградата за слобода на мислата „Сахаров“ Џина Махса Амини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.