Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Галант: Израел не планира да го контролира животот во Газа

0
By Ана Василевска on October 20, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
Јоав Галант
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 20, 2023 15:18

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска во Ерусалим изјави дека армијата „не планира да го контролира животот во Појасот Газа“ откако Израел ќе ја уништи палестинската екстремистичка организација Хамас.

Таа изјава на Галант, пред членовите на израелскиот парламент на Кнесет, е прва дадена од израелски лидер за долгорочните планови за Газа.

Галант изрази очекување дека израелската војна против Хамас, кој владее со Појасот Газа, ќе помине низ три фази.

– Првата фаза го вклучува нападот на Хамас во Газа од воздушни и копнени маневри, втората ќе биде победа над „џебовите на отпорот“ и третата ќе биде прекин на „одговорноста за живот во Појасот Газа“, рече Галант.

Војната меѓу Израел и Хамас трае од 7 октомври и се смета за најсмртоносна од петте војни во Појасот Газа за двете страни.

Министерството за здравство во Појасот Газа денеска соопшти дека на таа територија загинале 4.137 Палестинци, а повеќе од 13.000 се ранети.

Повеќе од 1.400 луѓе, главно цивили, беа убиени во Израел за време на првичните напади на 7 октомври, кога милитантите на Хамас упаднаа во јужен Израел, пробивајќи ја граничната ограда. Според израелската војска, се верува дека Хамас заробил 203 лица и ги однел во Појасот Газа.

Израел Јоав Галант Појас Газа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.