НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На денешен ден

0
By Ана Василевска on October 23, 2023 КОЛУМНА, СТАВ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ЏАБИР ДЕРАЛА

Зборот не може да биде уапсен. Вистината не може да се скрие. Слободата нема цена.

Ова е моја објава на социјалните мрежи пред десет години, на 23 октомври, денот кој од 2007 година се слави како национален празник во земјава (датум на основање на ВМРО во Солун, 1893 година), а го воведе злогласниот режим на Груевски.

Сега, кога разноразни политички кускулиња[i] отворено мавтаат со црни тефтери пред камерите на телевизии со национална концесија, без да бидат предизвикани од новинарската фела, сметам дека е погоден момент да се повтори оваа порака.

Оваа порака треба постојано да се повторува, секој ден. Кога луѓето ќе разберат дека тие три кратки реченици во пораката се безброј пати потврдени во минатото и сегашноста на светот, овие кускулиња кои сонуваат да бидат „големи“ како Мусолини, Хитлер, Сталин или Путин, ќе бидат соголени – ќе се открие колку се деструктивни и плитки. Само така ќе си го заземат местото што им припаѓа, на темните маргини на општеството.

Токму така. Кога луѓето ќе се одважат да ја повторуваат гласно и да ја живеат таа порака – ЗБОРОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ УАПСЕН. ВИСТИНАТА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СКРИЕ. СЛОБОДАТА НЕМА ЦЕНА – политичкиот опстанок на овие мали ф-рашисти ќе биде загрозен.

Размислете само, кога последен пат сте виделе овие бандити во политиката некој да им се спротивстави во ТВ студио? Дали сте се прашале, од каде доаѓа таа сеприсутност во јавната комуникација и тој молк пред камерите кога тие грди ликови зборуваат? Не е до нивната моќ (не се вистински моќни), не е ниту до нивната елоквентност (уште подалеку се од тоа)…

Одговорите се лесни, само треба да се постават тешките прашања.


[i] Политички кускулиња или кускулиња во политиката е израз кој се однесува на политичките димензии на ликовите на кои се однесува оваа белешка, не се однесува на нивниот изглед.
Текстот е личен став на Авторот.
23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба ВМРО-ДПМНЕ слобода
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.