НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ИФИМЕС: Бугарија ги користи тензиите меѓу Србите и Албанците за да „најде“ што повеќе Бугари на Косово

0
By Blerina Tahiri on October 24, 2023 АНАЛИЗА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Додека тензиите меѓу Србите и Албанците се во пораст, Бугарија ја користи постојната ситуација за да „најде“ што повеќе Бугари на Косово и да им даде државјанство, се вели во анализата на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана, Словенија

„Косово не е подготвено да спроведе попис на населението во согласност со стандардите на ЕУРОСТАТ во периодот од 1 ноември до 15 декември 2023 година. Пописот е важен за Косово со цел да се соберат веродостојни податоци и врз основа на кои би можел да се планира идниот развој. Иако според методологијата на ОН при пописот на населението не е задолжително да се изјасни етничката и верската припадност на територијата на Косово, но и во регионот, оваа декларација е од најголем (национален) интерес“, се наведува во анализата.

Аналитичарите нагласуваат дека „додека тензиите меѓу Србите и Албанците се во пораст, Бугарија ја користи постојната ситуација за да „најде“ што повеќе Бугари на Косово и да им даде државјанство“.

„Особено на удар се Бошњаците и Горанците, чиј број значително ќе се намали поради агресивноста на Бугарија, која од нив создава „нови Бугари“ токму со доделување државјанства и бугарски документи. Бугаризацијата на Косово е засилена токму поради пописот, затоа што Бугарија сака преку пописот да го легализира присуството на Бугарите во структурата на косовското население, а следниот чекор е да ја вклучи бугарската заедница во уставот, како што веќе се бара од Република Северна Македонија. Целта е Бугарите и официјално да станат еден од т.н немнозинските заедници во Косово“, се истакнува во анализата.

Аналитичарите сметаат дека во однос на патните исправи (пасоши) издадени од Србија на Србите од Косово, т.н. хрватскиот модел, кој ЕУ го користеше кога станува збор за имателите на хрватски пасоши, кои слободно патуваат во рамките на ЕУ, без разлика дали хрватските државјани престојувале во Хрватска, Босна и Херцеговина или некој друг дел од светот.

Албанците од Косово со албански пасош можат слободно да патуваат во Европа, што би требало да им биде овозможено и на косовските Срби, кои имаат српски пасоши издадени во Србија со место на живеење во Косово.

Подготви: Ј. Ѓ. / Фронтлајн

анализа Бугарија ИФИМЕС Косово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.