Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Каква порака испраќа Мицкоски со скандалозната поддршка за Канал 5?

0
By Ана Василевска on November 3, 2023 КОЛУМНА, МЕДИУМИ, СТАВ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 3, 2023 11:24

Пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИСОКИ

Директорот на Канал 5 телевизија нè потсети на „Началничните“ медиумски невремиња од времето на режимот. Она што може да се направи за поддршка на Исмет Рамадани е да не им се гостува во „директорските“ им емисии. Или да им се одмолчи цела емисија, беше мојот прв кометар за скандалот во Канал 5, што го приреди директорот на телевизијата.

На социјалните мрежи и во јавноста следеа реакции најмногу со осуда, но ги имаше и со поддршка и со задршка…

Погодувате, Мицкоски излезе со поддршка на Канал 5.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во врска со инцидентот во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија смета дека реакцијата на луѓето што ја водат телевизијата била очекувана. Според Мицкоски нормална е да се избрка поканет гостин во емисија по интервенција на директор од телевизија.

За тие што го оддремаа сакдалот, да потсетам за што станува збор. На директорот на Канал 5 телевизија Иван Мирчевски не му се допадна тоа што го кажа гостинот Исмет Рамадани во емисијата „Само вистина“, и директорот со директна интервенција во емисијата која одеше во живо, реши да го отстрани гостинот од емисијата.

Ете, драги мои, ова за Мицкоски е нормална реакција и тој од позиција на лидер на партија дава огромна поддршка за раководството на медиумот.

„Станува збор за исклучително коректно момче кое професионално си ја работи својата работа. Моето искуство е дека никогаш не оставил најмал простор за тоа што беше оквалификуван од страна на господинот кој вчера безочно го нападна во отсуство на аргумети. Нормално е да се очекува луѓето кои го водат тој медиум да реагираат и според мене, реакцијата која следеше е очекувана. Огромна поддршка за медиумот. Мојата честитка и на роденденот на медиумот беше дека политичарите постојат и заминуваат, а медиумите да продолжат да работат професионално. Задржете ја професионалноста и воопшто не треба да се посветува внимание на луѓе кои се само една лоша епизода на политичката сцена, изјави Мицкоски за инцидентот во „Само вистина“.

Мицкоски со оваа изјава каде аминува директор на телевизија наместо новинарот водител да одлучува за емисијата и односот со поканетите гости, буквално ги поттикнува директорите и сопствениците на медиумите да ја компромитираат уредувачката независност и директно го поткопува кредибилитетот на новинарството во Македонија.

Со зборовите од изјавата на Мицкоски каде за новинарот што ја водеше емисијата вели: „станува збор за исклучително коректно момче…“, тој покажува бесрамна патрона намера, односно се обидува „татковски“ да ги зема под партиска закрила и новинарот и телевизијата и испраќа многу опасана порака (карактеристична за времето на режимот на Груевски) до новинарите, уредниците и сопствениците на медиумите – Не грижете се, ние сме тука да ве згрижиме, во превод вели Мицкоски.

Колку ваквата хвалопевка на Мицкоски на актуелното раководство на Канал 5, ќе ја чинат објективноста на медиумот, може само да претпоставиме, но со оглед на поранешните режимски искуства и партиските манипулации на ВМРО-ДПМНЕ со медиумите, и бекграундот на конкретната телевизија, не е тешко да погодиме што ќе се случува во предизборите, за време на изборите и потоа.

Како работеше оваа телевизија во време на режимот на Груевски, како што потсетува и Џабир Дерала во својата колумна, можевме да слушнеме од „бомбите“ на опозицијата. „Тоа е истата телевизија чиј газда му рече на шефот на вмровската пропагандна машинерија, Мартин Протуѓер, дека има намера да ја исклучи струјата во телевизијата, само за да не се емитува емисија што не е по мерката на режимот. Со тоа, газдата на Канал 5, да потсетиме, отиде подалеку дури и од шефот на агитпропот Протуѓер кој сугерираше „поблага“ диверзија – да се пушти емисијата, но со лош тон и со пречки. (погледнете го видеото)“.

А, овој Mирчевски пак, кој сега се сили дека ќе го тужел Дерала за гореспоменатата колумна, е истиот тој кој во 2018 година јавно се извини за манипулациите и погрешното известување на телевизијата Канал 5 за време на претходната власт. „Беше режим, вие мислите се работело во розеви услови. Тогаш ми беа одземни ингеренциите. Сега ми се вратени ингеренциите. Јас се извинувам во името на медиумот. Во името на сите вработени им се извинувам на сите кои сме им нанеле неправда. Канал 5 веќе е на средина. Дојде момент и ние рековме доста е, од сега сме на средина“, рече тогаш Мирчевски, но не кажа кој му ги одзел ингеренциите.

Чудни некои директори и сопственици, чудна некоја телевизија. Сигурно некогаш пак ќе се извинуваат.

Ништо чудно од Мицкоски, си ја постигнува целта – разгорува меѓуетничка нетрпеливост.

Текстот е личен став на Авторот.

Извор: Фронтлајн.мк

Иван Миречевски Канал 5 телевизија медиуми Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.