НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Деспотовски: Финансиска поддршка од државата досега искористиле над 900 домашни компании

0
By Marta Pesevska on November 12, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ефектот од странските инвестиции и директните придобивки за граѓаните се најважни и тоа е главен приоритет по кој се водиме, изјави Јован Деспотовски, директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони – ТИРЗ.

-Треба да знаете што ви е приоритет. Дали да сечете ленти и да се сликате додека работниците биле платени 9000 денари. Или пак луѓето ви се приоритет. Мене ми е приоритет на луѓето во оваа држава од чии пари се плаќаат тие компании да дадат придонес назад. А тој се прави преку добро платени работни места и преку парите што ги уплаќаат во буџетот на државата назад. Во моментов во Зоните работат речиси 18.000 граѓани што е три пати повеќе споредено со 6000 во 2016 година. Во последниве две години имаме плати повисоки од државниот просек. Ако пред шест години овие компании во буџетот уплаќале 10 до 12 милиони, само годинава според проценките очекуваме 75 милиони евра што е седум пати повеќе. Покажавме дека ова повеќе не е земја на евтина работна сила туку главен приоритет ни се добро платени работни места со кои ќе си ги задржиме децата дома, посочи Деспотовски во емисијата Стадион, на Канал 77, соопштија од ТИРЗ.

За оваа цел ТИРЗ започна и кампања “Иднината почнува дома“ чија цел е преку примерите на млади луѓе кои работата во Зоните да се претстават можностите за работа.

-Резултатите од овие три години покажаа дека нема потреба од скапи кампањи во странство, туку има потреба да се покаже дека во оваа држава има можности за добро платени работни места. И сите тие млади кои размислуваат да заминат од државата во странство и да работат во иста таква фабрика, на исто такво работно место во Италија или Германија, да сфатат дека истото постои и тука. Затоа започнавме кампања на која има лица на млади луѓе кои се остваруваат професионално тука. Да ја зголемиме видливоста на можностите што се нудат во рамки на Зоните. Ова се сe млади луѓе кои успеале да најдат пристојна живеачка, за пристојна плата дома, рече Деспотовски.

Во однос на влезот на домашните компании во ТИРЗ, Деспотовски рече дека Дирекцијата веќе има постигнато договори со две домашни компании за влез во Зоните, но процесот е заглавен со месеци поради што се доведува во прашање реализацијата на овие проекти.

-Со две македонски компании имаме постигнати инвестициски договори. Истите ги испративме на разгледување во нашето регулаторното тело и еве осум месеци чекаме одговор. Законот дозволува влез на домашни компании, но проблемот е што имаме институции кои не читаат закони туку се водат од праксата која ја имале 20 години наназад. И поради тоа што во минатото ова било дозволено само за странски компании и немале ваква пракса, не постапуваат, појасни Деспотовски.

Тој посочи дека домашните компании имаат ист пристап до финансиска поддршка од државата која досега ја искористиле над 900 домашни компании, како и дека минатата година вкупните средства исплатени кон домашните компании биле повисоки споредно со странските, но ги разбира очекувањата на домашните компании во однос на Зоните.

-Проблемот е што се додека имаме ситуација во која две – три институции во јато од стотина се обидуваат да истуркаат промени, а 50 го кочат процесот не можеме да одиме напред, рече Деспотовски.

деспотовски ТИРЗ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.