Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Роденден на МСУ: Од таков дух тоа е зачнато – од чувството за соработка и солидарност во културната акција за утврдување на човечките вредности, рекол Конески на отворањето

0
By Ана Василевска on November 13, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
Од отворањето на МСУ, 13 ноември, 1970 година
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 13, 2023 12:48
Роденденот на Скопје  е и роденден на МСУ. Денеска се заокружуваат 53 години од отворањето на објектот на Музејот на современата уметност – Скопје, поточно на  13 ноември, 1970 година, кога на отворањето Блаже Конески меѓудругото изјавил:
„ …И така, уште пред да почне да се ѕида оваа зграда, таа беше создавана од невидливите нишки на симпатија и човечка солидарност, како залог за иднината на човештвото. Длабоко е чувството на нашата благодарност спрема сите оние што уште повеќе со дух и срце, отколку со материјалниот придонес, ја создавале оваа зграда и овој дом на уметноста. Длабоко е нашето чувство на одговорност спрема самата идеја на братство и солидарност меѓу луѓето во нашата земја и во целиот свет. Една ваква зграда се прави за широка комуникација со светот. Таа не е забутана во балканско сокаче, ами е исправена на овој брег откаде што со еден широк поглед се опфаќа и старото и новото Скопје и широките предели наоколу. Во вакви светли зданија нема место за лилјаците на еснафштината и не треба да има катчиња, каде што ќе можат да се бесат. Вакво здраво тело бара здрав дух. Од таков дух тоа е зачнато – од чувството за соработка и солидарност во културната акција за утврдување на човечките вредности. Како бел лебед нека се раскрилува оваа зграда на мирниот брег на градот Скопје“.
Од отворањето на МСУ
И до денес, МСУ ја носи во наследство солидарноста, што подразбира практикување и споделување на оваа вредност по принципот на отвореност и дијалог, водејќи кон работа заснована не нужно само на настани, туку на процеси, користејќи некои од стратегиите својствени за начините на кои современите уметници денес работат.
„И кога велиме НАШИОТ музеј, кој следната година ќе одбележи 60 години од постењето, мислиме на Отворен Музеј, Музеј за сите, слоган кој ги одразува етичките координати на МСУ лоцирани во потребата за вклучување на граѓаните во работата на музејот без оглед на нивните економски, социјални, политички и културни разлики.“,напишаа од МСУ на нивниот фејсбук профил.
13 Ноември Блаже Конески МСУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.