НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европскиот совет го одобри буџетот на ЕУ за 2024 година

0
By Ана Василевска on November 20, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СВЕТ
Европски совет
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

оветот на ЕУ денеска го одобри Заедничкиот буџет на Унијата за 2024 година, кој беше усогласен со Европскиот парламент  на 11 ноември, во кои вкупните обврски се утврдени на 189 милијарди и 385,4 милиони евра, а вкупните исплати на 142 милијарди и 630,3 милиони евра.

Дополнително, како што јави дописникот на МИА, 360 милиони евра се оставени како резерва за евентуални непредвидени потреби на ЕУ.

Според Европскиот совет, Буџетот за следната година ги одразува главните приоритети на ЕУ, вклучувајќи ги економското зајакнување, зелената и дигиталната транзиција, како и можностите за реакција во актуелниот сложен геополитички контекст.

Европската комисија ја предложи првата верзија на буџетот за следната година на 7 јуни. По ова, на 5 септември Советот на ЕУ го усогласи својот став за предлогот, по што на 9 октомври Европската комисија излезе со измената верзија на Предлог-буџетот. На 18 октомври, Европскиот парламент предложи амандмани на новиот предлог усогласен со ставот на Советот на ЕУ, кој пак ги одби предложените измени од страна на европратениците. По ова беше свикан состанок на Комитетот за помирување, во чии рамки на 11 ноември Советот на ЕУ и Европскиот парламент постигнаа договор за конечната верзија на Буџетот на Унијата за 2024 година.

Инаку, Комитетот за помирување е составен од по еден претставник на секоја од 27-те земји членки на ЕУ и од 27 европратеници, во кој Европската комисијата ја има улогата на посредник за усогласување на ставовите на двете страни.

Буџет на ЕУ Европски Совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.