НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Избори во мај, коалицискиот договор со ДУИ е јасен, АА има капацитет да биде дел од европската коалиција

0
By Ана Василевска on November 20, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Димитар Ковачевски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сметам дека постои доволно простор во мај да се организираат изборите, во нивниот редовен термин, а за финалните ставови на политичките партии ќе информираме тогаш кога ќе се постигне поширок консензус во рамките на Парламентот, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Според него, сите кадровски решенија ќе бидат споделувани со јавноста како што ќе се носат од официјалните партиски тела.

СДСМ и ДУИ, подвлече премиерот, имаат јасен коалициски договор, а Алијанса за Албанците (АА) има капацитет да разговара за економски просперитетна држава и општество со социјална правда и демократија на највисоко ниво, со слобода на медиумите и владеење на правото, кои се основи, потенцира, за градење широкиот коалициски фронт.

Во моментов, информира Ковачевски, течат разговорите за финализирање на Изборниот законик и вклучувањето во него на сите забелешки од страна на ОБСЕ/ОДИХР. Тоа е веќе финализирано во најголема мера и многу скоро, рече, ќе се најде на владина седница, како и на седница во Парламетот при што ќе се добие целосно усогласено законско решение.

-Во овој период и во периодот пред нас, до официјализирањето на периодот кога ќе бидат изборите, ќе има многу информации интересни и за граѓаните и за медиумите. Дел од нив ќе бидат точни, но голем дел немеа да бидат точни. Со ДУИ имаме јасен коалициски договор објавен во 2020 година, секако дека за модалитетите со нив се разговара, но целта за остварување европска коалиција која ќе предводи широк фронт е клучната работа што ќе ги обедини партиите на следните избори. Сите детали и кадровски решенија кои ќе следуваат, ќе бидат споделувани со јавноста како што ќе се носат од официјалните органи на партиите, истакна Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на ИКТ Центарот за чување и заштита на податоци во Прилеп.

Кога се прават коалиции, подвлече Ковачевски, клучно е да се споделуваат заеднички вредности кои се однесуваат, пред се, на визијата за модерно општество и модерна држава.

-Не се работи за убедување, туку кога се прават коалиции, клучно е да се споделуваат заеднички вредности кои се однесуваат пред се на визијата за модерно општество и модерна држава со економски просперитет, социјална правда и демократија на врвно ниво, слобода на медиумите, владеење на правото унапредено многу повеќе од тоа денес и на тие основи ќе се градат коалициите. Сметам дека Алијанса го има тој капацитет, да разговара на такви теми и мислам дека на таа основа може да се водат разговори во однос на идните коалиции и настапи на изборите, но да оставиме да се водат разговори и официјалните партиски тела да носат одлуки во тој дел, подвлече Ковачевски.

Премиерот во посетата на ИКТ Центарот беше придружуван од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. 

Димитар Ковачевски ДУИ избори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.