Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пријателите и соработниците се збогуваат со Теодор Богоевски: Храбар борец за интегрирање на лицата со попреченост

0
By Ана Василевска on November 23, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 23, 2023 14:46

За него интеграцијата значеѓе  да биде дел од процесите со моќ на делување.

Теодор Богоевски, почина синоќа. Тој беше советник на претседателот на Владата за лица со попреченост и својата повеќегодишна заложба за креирање на стратегии и политики за општествено унапредување и интегрирање на лицата со попреченост го сублимираше во книгата „Политичка партиципација на лицата со попреченост“.  Пријателите и соработниците денеска се збогуваат со зборувите дека ќе ја продолжат неговата работа како аманет.

Еден од оние луѓе кои својот хендикеп го претворија во предизвик да се борат, како и што и самиот во нашето интервју рече „ Додека сите сакаа да ме излечат, јас барав лек за општеството“
Со редок оптимизам и посветеност и пристапуваше на проблематиката во обид да им помогне на сите оние на кои судбината им приредила тежок пат. Сознанието дека ќе мора животот да го продолжи во инвалидска количка, и дека општеството не е исто за сите ќе го наведе на систематска и темелна работа да делува врз политиките кои ќе им го олеснат животот на лицата со попреченост.

„Сѐ почна летото 2008 година, пред точно 14 години, по пад во Охридското езеро кога го скршив четвртиот вратен пршлен. Тогаш имав 16 години и одвај чекав да се осамостојам и да бидам независен и возрасен. Претходно, како и сите вие сигурно, никогаш се немав замислено во количка, во мојата глава тоа беше нешто само за стари луѓе Благодарејќи на новата состојба, не само што се најдов во една
комплетно нова ситуација на која требаше да се навикнам, добив и нови погледи на едно ново општество на кое требаше да се прилагодам. Сфатив дека општеството и тоа како не е исто за сите. Оддеднаш бев во можност да ги видам и почуствувам сите бариери кои тоа ги има во однос на лицата со попреченост.“ (извадок од интервјуто за Нова ТВ)

За него интеграцијата значеѓе  да биде дел од процесите со моќ на делување.

„Иако и епистемологијата ни потврдува дека лицата со попреченост и нивните блиски се најкомпетентни да ги лоцираат системските недостатоци поради кои се на маргините на општеството. До овој момент лицата со попреченост воопшто не се интегрирани во политиката на државата. Да, се носат закони, акти, правилници за лицата со попреченост, сега повеќе и подобри од било кога но за сите нив крајната одлука ја имаат лица без попреченост. Лицата со попреченост преку невладините организации се само необврзувачки патокази (билборди) додека патот го трасираат и возат лица без попреченост.“ (извадок од интервјуто за Нова ТВ)

ВЛАДА НА РСМ лица со попреченост Теодор Богоевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.