Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обединетото Кралство мета на постојана хакерска кампања од Руската Федерална Служба

0
By Marta Pesevska on December 7, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: Би-Би-Си
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 7, 2023 19:50

Обединетото Кралство ја обвинува Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) за постојана хакерска кампања, насочена кон политичарите и останати лица од јавниот живот. Владата соопшти дека една група украла податоци преку сајбер-напади, кои подоцна биле објавени во јавноста, вклучително и материјали поврзани со изборите во 2019 година, пренесува Би-Би-Си.

Русија постојано ги негираше тврдењата дека е вклучена во такви активности.

Секретарот за надворешни работи Дејвид Камерон рече дека дејствијата на групата се „целосно неприфатливи“.

„И покрај постојаните напори, обидите им се неуспешни. Ние ќе продолжиме да работиме заедно со нашите сојузници за да ги разоткриеме руските тајни сајбер активности и да бараме одговорност од Русија за нејзините постапки“, рече поранешниот премиер.

Министерот за надворешни работи Лео Дочерти во четвртокот пред Долниот дом изјави дека рускиот амбасадор е повикан и дека две лица се санкционирани. Еден од нив е службеник на ФСБ.

Рускиот амбасадор беше недостапен откако вчера беше повикан, но претставниците наместо тоа се сретнаа со заменик-шефот на мисијата на руската амбасада и ја изразија длабоката загриженост на ОК за сајбер-нападите.

Групата е обвинета дека извршила стотици хакерски напади против политичари, државни службеници, оние кои работат за тинк-тенкови, новинари, академици и други во јавниот живот. Федералната служба за безбедност (ФСБ) е агенцијата наследник на КГБ, која функционираше во текот на Студената војна. Рускиот претседател Владимир Путин беше директор на ФСБ одреден период во 1990-тите.

Групата поврзана со ФСБ – и конкретно нејзиниот дел познат како Центар 18 – ја таргетира ОК со крадење информации од оние во политичкиот и јавниот живот од 2015 година наваму.

Се тврди дека групата останува активна. Се очекува и САД да објават акција против групата.

„Русија го таргетира демократскиот процес на ОК“, изјавија западните власти.

„Оваа група има стекнато огромно количество податоци“, рекоа западните власти. „Овие информации се користат за поткопување на Западот на различни начини.

Велика Британија веќе ја обвини Русија за мешање во изборите во 2019 година, откако ги украде документите за трговијата меѓу САД и Велика Британија од конзервативниот пратеник Лиам Фокс, кои потоа беа обелоденети. Но, кога тоа обвинение беше упатено во 2020 година, конкретната група зад тој напад не беше именувана и таа сега е поврзана со пошироките активности од истата група поврзана со ФСБ. Оние кои се мета на организацијата доаѓаат од целиот политички спектар.

Пратеникот на СНП, Стјуарт Мекдоналд, изјави за Би-Би-Си овој февруари дека група за која се верува дека била поврзана со руското разузнавање му ги украла мејловите откако се претставувала како еден од неговите вработени. Тој излезе во јавноста со цел да спречи протекување на какви било е-пошта. Тие не се појавија.

Дејвид Лами од лабуристите рече дека демократијата е „изградена на доверба“ и праша дали владата е „уверена“ дека е откриена целосната големина на нападот.

Се смета дека самата група поврзана со ФСБ се фокусира на хакирање на податоците со други вклучени во нивното ширење преку различни канали и засилување на нивното влијание.

Западните официјални лица рекоа дека групата била вклучена во стекнување разузнавачки информации“ преку хакирање на сметките за е-пошта и кражба на податоците. Во некои случаи, потоа истата пренесуваше информации на други со цел тие да бидат јавно објавени.

Официјалните лица сакаат да ја зголемат свеста за опасностите додека ОК се движи кон избори, следната година. На мета на хакери би можеле да бидат и американските избори кои треба да се одржат следниот ноември.

Во 2016 година, различен дел од руското разузнавање беше обвинет за кражба и објавување на јавни мејлови кои припаѓаат на кампањата на Хилари Клинтон, потег што некои го сметаа за значаен во тесната трка.

Хакерската група е позната по различни имиња, вклучувајќи Star Blizzard, Cold River и Seaborgium.

Подготви: М. П.

Извор: ЦИВИЛ Медиа

ОК Русија хакерски напади
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.