НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ на брифинг со членовите на КОЕЛА во Брисел: Да ја искористиме уникатната шанса за проширувањето на ЕУ

0
By Marta Pesevska on December 7, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Бојан Маричиќ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Успешното завршување на скрининг процесот, следните планови во однос на доставувањето на потребните документи за реализација на реформите, стратегијата за Планот за раст што државата во моментов ја развива, како и предизвиците на патот кон ЕУ, беа главни теми на брифинг состанок што попладнево во Брисел го имаше вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ со делегатите од Работна група на Европскиот совет за проширување и за земји кои преговараат за членство во ЕУ (КОЕЛА).

Маричиќ се заблагодари до членовите на Советот и до сите засегнати страни кои беа дел од скрининг процесот за поддршката која ЕУ ја дава и се осврна на тоа како можат делегатите да се вклучат и позитивно да влијаат во кругот на своето дејствување со цел Северна Македонија успешно да ги реализира процесите на патот кон ЕУ.

Тој истакна дека со завршувањето на скрининг процесот се заокружува една многу важна фаза во која во 15 месеци нашите институции работеа со многу голема посветеност и чијшто резултат е неговата успешна реализација.

Маричиќ се осврна и на следните чекори што треба да се преземат во однос на подготовката на патоказите за реформите и акцискиот план на кој институциите во моментов забрзано работат, како и на преземањето на одговорноста и усвојувањето на уставните амандмани и максималното фокусирање на стратегијата за Планот на раст.

– Планот за раст е важна инстанца, односно одличен инструмент со кој ќе успееме да ги спроведеме потребните реформи на патот кон ЕУ, заклучи Маричиќ.

Претставниците на државите членки на ЕУ во КОЕЛА, од своја страна, ја потврдија силната поддршка на нивните земји за продолжувањето на преговорите на Северна Македонија со ЕУ и пројавија интерес за тоа како би можеле да придонесат за успешно интегрирање на земјата во Европа.

Тие се осврнаа и на следните чекори по завршувањето на скрининг процесот и за тоа како македонските граѓани можат да почувствуваат резултати на нашиот пат кон ЕУ.

На состанокот вицепремиерот Маричиќ, говореше и за важноста на периодот кој следи за Северна Македонија со цел да се завршат обврските кои предвидени со Преговарачката рамка, вклучително и усвојувањето на уставните амандмани, спроведувањето на реформите и можностите да се искористи уникатната шанса за проширувањето на ЕУ со земјите од Западниот Балкан, Молдавија и Украина.

На состанокот со делегатите од КОЕЛА присуствуваше и шефот на Мисијата на земјава при ЕУ во Брисел, амбасадорот Зулфи Исмаили.

Брисел ЕУ КОЕЛА маричиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.