Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Правдата никогаш поблиску за злосторството врз Вања, така не беше со случаевите на Ангела и Маја

0
By Ана Василевска on December 8, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 8, 2023 11:44

Грозоморното и свирепо убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74 годишниот Панче Жежовски од Велес, се расветли во целост. Полицијата професионално и експресно ја заврши работата. Македонската јавност не памети, ваков бескрупулозен случај, да има ваква ефикасна истрага и кривичниот прогон да заврши во така краток период. За неполни 7 дена беа откриени извршителите и начинот на извршување на злосторството. Полицијата го откри идентитетот на сите вмешани во случајот, ги обезбеди сите инволвирани и помагачи на грабнувањето и двојното убиство.

Криминалното гнездо како што го нарече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски беше разбиено, акцијата на полицијата резултираше со поднесени кривични пријави за грабнување, убиство на свиреп начин, како и помагање во извршување на кривичните дела.

Полицијата за овој случај ги исполни сите правни обврски за ефикасна истрага и кривично гонење. Првиот чекор за расчистување на целиот случај беше кога веднаш по пријавата за исчезнување на Вања и Панче, отвори сеопсежна истрага и голем број полициски службеници беа вклучени во потрагата. За скоро една седмица беше обелоденет начинот на извршување на кривичните дела. Полицијата откри кој од извршителите и помагачите каква улога имал, беа пронајдени телата на Вања и Панче, за чие убиство е осомничен Љупчо Палевски-Палчо. Неговиот обид да побегне од лицето на правдата беше неуспешен. Македонската полиција со помош на меѓународните партнери од Турција, Србија, Бугарија, ИНТЕРПОЛ, го лоцираа во Турција, и сега се чека да биде екстрадиран во земјава. Истрагата полицијата ја водеше транспарентно, пред очите на јавноста и медиумите, секојдневно даваше информации за текот на постапката.

Во минатото вакви случаи со исчезнати деца кои потоа беа пронаоѓани мртви, оставија многу дилеми и отворени прашања во јавноста. Огромна болка кај семејствата, бидејќи никогаш не добија одговор за исчезнувањето и причините за смртта на нивните деца. Експертската јавност гласно коментираше дека пропусти во истрагата се причина случаите да одат во ќорсокак.

Скоро 15 години е мистерија случајот со шестгодишната Ангела Ѓорѓиоска од мариовското село Дуње која исчезна на 23 јули 2009 година, а нејзините посмртни останки беа најдени после половина година. Вклучувањето на јавен обвинител во потрагата по девојчето наговестуваше дека има сомнежи на кривично дело за нејзиното исчезнување. На Ангела и се изгуби трагата, во топол јулски ден, кога била сама во двор од куќата на роднини во селото Дуње. Истрагата не откри ништо, во јавноста се вртеа многу шпекулации од блиски роднини, па и од родителите на девојчето, за наводно киднапирање, злоставување, убиство … На 15-ти февруари 2010 година, шест месеци подоцна од исчезнувањето на малата Ангела, МВР соопшти дека остатоците од детско тело, кои биле пронајдени кај селото Пештани му припаѓаат на исчезнатото девојче. И пронаоѓањето на Ангела полицијата го држеше во тајност две недели, веста дека го пронашле детето мртво ја кажаа по 14 дена. Судска медицина утврдила дека се работи за Ангела по ДНК анализата, но никогаш не беш одговорено како настапила смртта, ниту беше утврдено како исчезнс девојчето од дворот на роднините. За родителите на девојчето беше неприфатливо дека нивното шестгодишно дете, по пеколни горештини, поминало само 5 километри, пешачело повеќе од 1 час, само стигнало во планина и дополнително никој не ја забележал. Нелогично за нив беше уште повеќе што Ангела кога исчезна ја бараше полицијата со кучиња трагачи, но без успех. Кучињата трагачи секогаш стигнуваа до една точка од селото Дуње и потоа го губеа трагот на малата Ангела. Посмртните останки кои беа пронајдени, родителите одбиваа да ги подигнат цели 6 години,неприфатливо за нив беше дека тоа е нивната исчезната ќерка. Во 2015 година беа  погребани.

Уште една истрага заврши во ќорсокак и веќе 10 години семејството на Маја Блажеска од охридското село Лешани нема одговор за исчезнувањето на нивната 14 годишна ќерка, чие безживотно тело беше најдено по една година. Маја исчезна во ноември 2013 година, наводно отишла да се види со момче кое го запознала на социјалната мрежа Фејсбук, тогаш и се губи трагата. Девојчето беше пронајдено мртво во јануари, 2014 година на Илинска планина на 1.500 метри надморска висина, кај „Натнасер бачила“.

Родителите на Маја никогаш не прифатија дека нивната малолетна ќерка сама залутала и стигнала на планината, се сомневаа дека била заведена, потоа убиена и извршителот или извршителите за да си ги сокријат трагите ја оставиле мртва во планината.

Најавите од страна на истражните органи тогаш, дека ќе следи дополнителна истрага останаа само празни ветувања. До ден денес ниту семејството, ниту јавноста не дозна како настрадало девојчето.

Извор: 24 инфо.мк

МВР Убиство на Вања
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.