НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МЗ: Санирана повредата на бебето на ГАК, акушерката суспендирана

0
By Marija Todorovska on December 26, 2023 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На одделот за новородени деца при Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје акушерка во текот на испис на новородено ненамерно пресекла мал дел од палецот на бебето.

Како што информира денеска Министерството за здравство, дежурниот педијатар постапил максимално професионално и одговорно и веднаш е повикан детски хирург. Новороденото е префрлено на Клиниката за детска хирургија, каде му била санирана повредата.

Акушерката била суспендирана, дадена на Дисциплинска комисија и ѝ била изречена максимална казна според Законот за здравствена заштита, како и промена на работното место.

Од Министерството за здравство преку соопштение информираат и за примената пациентка со проблеми во бременоста. Таа била примена во август на ЈЗУ УK Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, која, како што се наведува, имаше придружни здравствени проблеми заради кои бебето починало.

– Како последица на придружните болести индицирано било завршување на бременоста со царски рез. За жал, постоперативно почнуваат серија последувателни компликации кои условувале повеќекратни хируршки ревизии. Во лекувањето на пациентката биле вклучени повеќето од најискусните лекари на ЈЗУ У ГАК – и од гинеколошки и од анестезиолошки профил, како и дежурните тимови. Тешките одлуки во врска со здравјето на пациентката се донесуваа конзилијарно од најискусните лекари, почитувајќи ги најсовремените медицински протоколи. За жал, и покрај речиси двомесечен интензивен ангажман и третман, пациентката подлегна на придружните комликации, се вели во соопштението.

Од ресорното министерство посочуваат дека се чека потврда од обдукцискиот и од хистопатолошкиот наод, кои, како што се наведува, прецизно ќе дадат информации за состојбата на пациентката.

Во државата е формирано стручно тело кое ги испитува сите случаи со неповолен исход за бебето во утробата и за породени новородени со фатален исход.

акушерка ГАК Клоника за детска хирургија новороденче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.