НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Закани за бомби биле договорени од малолетници преку видео игри, тврди главниот обвинител на српското Специјално обвинителство за високотехнолошки криминал

0
By Ана Василевска on December 27, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Главниот обвинител на српското Специјално обвинителство за високотехнолошки криминал, Бранко Стаменковиќ, во врска со истрагата за лажни пријави за бомби во училишта низ Србија, рече дека досега се откриени повеќе малолетници од странство кои користеле различни програми за комуникација – од оние што се вградени во компјутерски игри, до оние што постојат независно и бараат посебна инсталација и поставување.

„Во овој случај се користеше една таква програма „Discord“. Оваа програма е многу популарна кај играчите, особено затоа што комуникацијата преку неа е заштитена со индустрискиот стандард за крипто-заштита. Со тоа е отежнато следењето на таа комуникација, но не е невозможно, изјави Стаменковиќ за Политика.

Според него, во извршување на кривични дела на различни начини учествувале повеќе малолетници од странство.

„Досега, според нашите сознанија, полицијата и обвинителствата на тие земји гонеле тројца малолетници, по еден во Чешка и БиХ, додека третата земја во моментов не можам да ја откријам од процедурални причини. Можам да кажам дека таа е земја од нашето опкружување“, истакна Стаменковиќ.

Стаменковиќ објасни дека малолетниците се поврзале поради заеднички интерес во одредена видео игра што ја играат. Тој изјави дека истражните органи се особено загрижени поради тоа што децата на возраст од 12 до 14 години се гледаат како сторители на кривични дела.

Поради лажни пријави за експлозивни направи во училиштата во Србија, досега кривично се гонети седум лица – четири малолетни и тројца возрасни. Дополнително, поведена е постапка и против шест родители поради, според надлежното основно обвинителство, сомнение дека ги напуштиле децата поради грубо занемарување на образованието, пренесува Политика.

закани со бомби Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.