НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Костадиновска-Стојчевска на брифинг со новинарите: Побогата програма во културата за 2024

0
By Marija Todorovska on December 28, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска оствари предновогодишна средба со новинарите на која ја резимираше годинава која изминува и достигнувањата во својот ресор, а ги најави и поголемите активности за следната година.

Таа ги брифираше новинарите за текот на одлучување по Годишните конкурси, а информираше и за стратешките и за нормативните акти во културата на кои темелно се работи. Некои  од нив во јануари ќе бидат достапни на ЕНЕР и на јавна расправа, а се во делот на заштита на културното наследство и Охридскиот Регион. Министерката повторно упати апел до претседателот на Комисијата за култура на Собранието, Кастриот Реџепи,  да не се кочи натамошната постапка за донесување на Законот за употреба на македонскиот јазик.

„Јазикот е заштитено нематерјално културно наследство“, рече министерката за култура која ги повтори придобивките од носење на овој закон. „Овој закон ја унапредува примената на македонскиот јазик и во него е предвидено задолжителното вработување на лектор во секоја институција, задолжително лекторирање, што ќе биде привлечно и за нови работни места. Друга новина е воведување на работата на Инспекторатот, област во која има одредби кои се усогласени со новиот Кривичен законик. Овој закон ќе овозможи одредени измени во Законот за основно, средно и високо образование“, посочи министерката за култура.

Костадиновска-Стојчевска спомна дел од големите проекти од изминатава година во која се финализираше административниот процес, и Старото училише во Љубојно, почнува со реновирање во јануари. Потоа ја истакна успешната работа и оправданоста на формирањето на новите установи како Камерниот оркестар-Битола и Џез оркестарот, за кои се обезбедени услови за работа.

Интересот на новинарите беше насочен и кон примопредавањето на Универзалта сала, на што министерката рече дека вчера Градот Скопје ја предал документацијата на Министерството за култура, и реновирањето може да започне. Планираниот рок за завршување е три години.

Костадиновска-Стојчевска најави конзервација на иконите од првата реституција во државата, и отпочнување постапка за враќање на останатите украдени македонски икони од Албанија.

Министерката за култура искажа благодарност до медиумите за интересот кој го имаат за темите од областа на културата, со кој  го држат вниманието на јавноста и ја прават поблиска до граѓаните.

„Се радувам на видливите  резултати во сите дејности, богатството и разноликоста на уметнички содржини, инвестициите во инсфраструктурата, кои во 2024 година ќе бидат уште поатрактивни за граѓаните и за корисниците, ќе продолжат да бидат актуелни и привлечни за 7-та светска сила“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Бисера Костадиновска - Стојчевска брифинг култура
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.