НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи: Солидарноста и сплотеноста сите не прават победници, овие вредности нека не водат низ новата година

0
By Marta Pesevska on December 30, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи на сите граѓани им ја честита новата 2024 година, порачувајќи новата година да се искористи за убави мисли, почит, одговорност и грижа еден за друг.

-Мојата желба е низ оваа година да не водат позитивните вредностите кои не дефинираат сите нас како граѓани на земјава, секој со сопствен белег и придонес кон создавањето на подобро утре. Ова е мојата водилка овие три и пол години како вицепремиер во Владата, која вие ја препознавате како Влада која решава кризи и работи за вашата благосостојба, вели Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи посочува дека она што ја прави различна социјалдемократијата, е грижата и поддршката за најранливите.

-Затоа сум исклучително горд на мерките со кои граѓаните од ранливите категории полесно ги презимуваат зимите. Овие мерки, кои ги носиме во криза, значат повеќе пари кај оние на кои им е најпотребно, кога им е најпотребно. Не забораваме никој. Помагаме во криза, но одговорно мислиме и на иднината. Токму затоа се фокусиравме и на зголемување на платите. Растот на платите во овие шест години никогаш не бил поголем, и тие ќе продолжат, порачува Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи во неговото обраќање се осврнува и на напорите на Владата за создавање на предвидливост и за оние кои се дале себеси и својот труд за ова општество.

-Затоа донесовме нова методологија за покачување на пензиите, за сите наши пензионери, согласно стандардот за живот. Солидарноста и сплотеноста сите не прават победници. Ова се позитивните вредности со кои ќе надвладееме над поделеноста и разединетоста. Вака ќе чекориме кон иднината, мислејќи на нашите деца, свесни дека токму тие, нашите деца, ќе живеат со последиците од нашите постапки денес. Затоа, за себе потврдувам, но и на сите на кои ни е доверена привилегијата да носиме одлуки, не повикувам, да постапуваме одговорно со нивната иднина, иднината на нашата држава. Да ја направиме да биде светла, јасна, извесна. Ви посакувам Среќна Нова 2024 година, вели заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

 

битиќи честитка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.