Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Турција, Бугарија и Романија потпишаа Договор за борба против заканата од пловечки мини во Црното Море

0
By Marija Todorovska on January 11, 2024 ВЕСТИ, РЕГИОН
Црно море
Црно море
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 11, 2024 15:17

Турција, Бугарија и Романија, трите членки на НАТО со излез на Црното Море, денеска потпишаа Договор за борба против заканата од пловечки мини. Иницијативата, потпишана во Истанбул, треба да обезбеди безбедност на пловидбата, вклучувајќи ги и бродовите за извоз на украинско жито.

Договорот беше потпишан во палатата на Босфор, јужната порта на Црното Море, од страна на романскиот министер за одбрана Ангел Тилвар, бугарскиот заменик-министер за одбрана Атанас Запрјанов и турскиот министер за одбрана Јашар Ѓулер.

„Заеднички одлучивме да го потпишеме протоколот на трите земји со цел поефикасна борба против заканата од мини во Црното Море, преку зајакнување на постојната соработка и координација“, рече Ѓулер.

Преговорите кои претходеа на договорот започнаа во септември.

Турција ја основа Црноморската MCM група во август 2023 година, откако Москва одби да го продолжи договорот за жито што дозволува извоз од Украина преку Црното Море.

Ѓулер нагласи дека „иницијативата ќе биде отворена само за бродовите на трите сојузнички земји со излез на Црното Море“, во согласност со сегашните конвенции.

Од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година, во Црното Море се забележани повеќе пловечки мини.

Кон крајот на декември, товарен брод под знамето на Панама налета на мина пловејќи до украинското пристаниште каде требало да истовари жито, при што беа повредени двајца морнари.

мини НАТО Црно Море
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.