НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кривичен суд: Триесет дена куќен притвор и дополнителни мерки на претпазливост за Незири и тројцата осомничени за упадот во М-НАВ

0
By Marta Pesevska on January 11, 2024 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје попладнево на четирите лица поврзани со случувањата во М-НАВ им определи мерка куќен притвор во траење од 30 дена, како и дополнителни мерки на претпазливост, односно привремено одземање на патна исправа и забрана за нејзино издавање и забрана за приближување или воспоставување односно одржување контакти или врски меѓу осомничените и со оштетениот. Меѓу четирите лица е и Бекир Незири, советник во М-НАВ и член на ДУИ.

-Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, денеска, одржа седница во присуство на странките кои побараа јавна седница, а во однос на жалбите изјавени од јавниот обвинител против решенија на судии од претходна постапка од 04.01.2024 година со кои на четири лица им се определија мерки за претпазливост поврзани со случувањата во М-НАВ, се наведува во соопштението од Кривичниот суд.

Советот, како што е наведено во соопштението, ценејќи ги приложените факти и докази во жалбата на обвинителот и одговорите на жалбата од страна на одбраната, а имајќи ги и предвид наводите во решенијата од претходна постапка, донесе одлука со која: жалбите на јавниот обвинител делумно се прифаќаат и донесе решенија со кои на четирите лица им се определува мерка куќен притвор во траење од 30 дена, како и дополнителни мерки на претпазливост, односно привремено одземање на патна исправа и забрана за нејзино издавање и Забрана за приближување или воспоставување односно одржување контакти или врски меѓу осомничените и со оштетениот.

Од Судот посочуваат дека надзорот над куќниот притвор, согласно решенијата е во надлежност на МВР, а против овие решенија странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје во рок од 24 часа од приемот на решенијата.

-Заради доследно информирање на јавноста и сузбивање на сите шпекулации и недоразбирања, сметаме дека е потребно да нагласиме дека според сите досега доставени факти и податоци, конкретниот настан не се случил во контролната кула, односно просторијата од каде се врши навигацијата, туку во просторијата која е одвоена со најмалку две безбедносни влеза пред кулата. Но, како што нагласивме во претходното соопштение, факт е дека  осомничените презеле одредени дејствија кои е потребно дополнително да се истражат за да се утврди фактичката состојба. Заради сето тоа, Советот донесе решенија за определување мерки со кои ќе обезбеди дополнителна гаранција за понатамошната достапност на овие четворица осомничени, се наведува во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје. 

Кривичен суд М-НАВ Незири
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.