НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: ДКСК доставила документација за директорот на Агенција за филм, но таа треба да биде дополнета

0
By Marija Todorovska on January 16, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Димитар Ковачевски потврди дека Државна комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) доставила документација до Владата и до Министерството за култура во врска со директорот на Агенцијата за филм Бојан Лазаревски и сите тие документи се проследени до надлежните институции. Но, како што рече, истата треба да биде дополнета бидејќи едно е исплата на финансиски средства, а друго е кој ги користил и на каков начин.

-Тоа што беше доставено од Антикорупциската комисија треба да биде дополнето, бидејќи едно е исплата на финансиски средства, меѓутоа има уште една работа, а тоа е кој ги користил финансиските средства, на каков начин ги користил финансиските средства и дали сето тоа што е опфатено требало да има поголем опфат и доколку немало зошто е направено и заради каква причина, изјави денеска Ковачевски за време на неговата посета на Шуто Оризари, во одговор на новинарско прашање.

Ковачевски рече дека откако ќе биде соберена целата документација, менаџментот во Агенцијата ќе биде третиран согласно законските постапки за разрешување и именување, како што важи за секоја друга институција, без никакво влијание од кого било. Тој потенцираше дека директорот на Агенцијата за филм доаѓа од филмската сфера и не верува дека е под влијание на одредени политичари.

-Постојниот директор, со оглед на тоа што доаѓа од филмската сфера не верувам дека е под влијание на некој функционер, вклучително ни на мене, бидејќи не сме дел од филмска индустрија во државата, ниту сме биле, ниту ќе бидеме. Имам одредени информации кои се од карактер којшто не можам да го кажам на микрофон. Колку што знам и Финансиската полиција таму веќе има отворено постапка, но за ова тие мора да информираат бидејќи предистражните постапки на Финансиската полиција се тајни. Откако ќе биде соберена целата документација менаџментот ќе биде третиран согласно законските постапки за разрешување и именување, како што важи за секоја друга институција, без никакво влијание од кого било, рече Ковачевски.

Агенција за филм Бојан Лазаревски Димитар Ковачевски ДКСК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.