НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателот на СБ на Светскиот економски форум во Давос претстави план за борба против климатските промени

0
By Marta Pesevska on January 17, 2024 ВЕСТИ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, СВЕТ
Сушата е една од карактеристиките на климатските промени, која доведува до напукнување на почвата
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Светска банка Аджај Банга на Светскиот економски форум во Давос рече дека светот се соочува со „егзистенцијална климатска криза“ и претстави план од пет точки за борба против климатските промени. На оваа тема зборуваше претседателката на ММФ, Кристалина Греоргиева, која рече дека цената на емисиите на јаглерод до 2030 година ќе достигне 85 долари за тон.

Првата точка предвидува Светската банка да одвои 45 отсто од средствата за климатски цели до 2025 година, од кои половина ќе бидат наменети за ублажување на емисиите на штетни гасови, а другата половина за адаптација на климатските промени.

Друга обврска преземена од Светска банка предвидува поврзување на 100 милиони луѓе во Африка со обновливи извори на енергија до 2030 година, со можност конечниот број да биде 200 милиони.

Аджај Банга истакна дека за него правото на пристап до електрична енергија е дел од основните човекови права.

Тој смета дека е неопходно да се намалат емисиите на метан, кој според него е 80 пати поопасен од јаглерод диоксидот, но за тие напори се издвојуваат само два отсто од вкупните средства за борба против климатските промени, што е трета заложба на Светска банка.

Малите земји кои се особено изложени на негативните влијанија на климатските промени нема да мора да ги враќаат заемите што ги должат, вклучително и каматата, две години, бидејќи, според Банга, Светската банка „мора да биде таму во лоши денови, а не само во добри денови“.

Петтата обврска предвидува помош на Светска банка за доброволни пазари на емисии на јаглерод во проекти каде банката може да гарантира „еколошки кредит и социјална вредност“.

Извор: МИА

климатски промени Светска банка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.