НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

О’ Брајан: Сите шест земји од Западен Балкан треба да работат заедно за поскоро да станат дел од ЕУ

0
By Marija Todorovska on January 22, 2024 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Планот за раст на ЕУ не е како никој друг план досега, бидејќи не треба да правите реформи за да бидете оценувани подоцна, туку тие ќе овозможат побрз пристап до заедничкиот европски пазар. Секоја влада од шесте земји од Западен Балкан се согласи дека ќе работат заедно за луѓето од регионот да добијат вистински можности и поскоро да станат дел од ЕУ, изјави  Џејмс О’Брајaн, помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД пред почетокот на лидерскиот состанок за Планот за раст на ЕУ во Скопје.

-САД секогаш стојат зад Северна Македонија и ја поддржуваат Северна Македонија. Навистина сме горди што сме сојузници и што работиме со оваа Влада која во нејзините последни денови е домаќин на оваа важна иницијатива. Планот за раст на ЕУ не е како никој друг план што сме го виделе досега, бидејќи не треба да правите реформи за да бидете оценувани подоцна, туку ако направите одредени реформи тогаш вашите компании и вашите луѓе многу брзо ќе ги уживаат четирите слободи на ЕУ – слобода на движење и можност да работите каде сакате, слободно движење на капиталот и услугите. Тоа е суштината на заедничкиот пазар, затоа сум задоволен што сум тука со Јан Копман кој ја дизајнираше оваа програма, вели О’ Брајан.

Тој изрази задоволство што е во посета на земјава втор пат за два месеца, и што ќе има можност да разговара за оваа важна иницијатива која треба да ја забрза евроинтеграцијата на земјава и регионот.

-Имаме претставници од шесте земји на Западен Балкан. Денеска ќе работиме на две прашања – практични идеи кои ќе им овозможат на луѓето слобода да ги развиваат нивните економии и практики кои треба да ги следиме. Овој регион има многу иницијативи, а тоа што е важно е што ќе биде реализирано помеѓу состаноноците, и ние имаме план за тоа. Она што сакаме да го видиме е луѓето да добијат повеќе можности, за сите политички проблеми низ регионот секоја влада се согласи и сега јавно се согласуваат дека сите шест земји ќе мора да работат заедно за луѓето од регионот да добијат вистински можности и поскоро да станат дел од ЕУ. Денеска е добар момент и ќе се обидеме да постигнеме напредок, рече О’ Брајан.

На состанокот чиј домаќин е премиерот Димитар Ковачевски присуствуваат и српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерите на Албанија Еди Рама, на Црна Гора, Милојко Спаиќ, на Косово, Албин Курти, актуелниот министер за финансии и трезор во Советот на министри на Босна и Херцеговина, Срѓан Амиџиќ, како и Герт Јан Копман, генерален директор за соседство и преговори за проширување во Европската комисија.

ЕУ Западен Балкан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.