НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украина: Пет жртви во Харкив; Стефанчук бара системи за противвоздушна одбрана; амбасадорката Дир се заблагодари на Петровска за македонската поддршка

0
By Marija Todorovska on January 24, 2024 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бројот на погодените од ракетниот напад утринава врз Харкив во Украина, извршен од руските сили, се зголеми на 63, од кои пет лица загинаа.
Последната откриена жртва е идентификувана како 21-годишна жена, чие тело се извлекува од под урнатините на уништениот станбен блок, изјави началникот на украинската Регионалната воена управа, Олех Синиехубов. Во претходниот извештај на Министерството за внатрешни работи ан Украина се вели дека бројот на повредените е до 57, меѓу кои и осум деца.

Утрово најмалку осум експлозии одекнаа во Харкив. Целосно е уништен дел од петкатница. Исто така, околу 4 часот се регистрирани и експлозии. Станбена зграда и друга цивилна инфраструктура претрпеа оштетувања, пренесува Укринформ..

Претседателот на Врховната Рада на Украина, Руслан Стефанчук, со апел на социјалната мрежа X до земјите поддржувачи на Украина што ја осудуваат руската агресија, побара што е можно поскоро да обезбедат повеќе системи за противвоздушна одбрана.

„Апелирам до моите колеги, претседателите на парламентите на земјите кои ја поддржуваат Украина во нашата борба против рускиот агресор. Денес сум во Харкив. Ова е еден од најголемите градови во Украина. И го гледате зад мене резултатот од утринскиот руски напад врз цивили. Сакам секој од вас да ги види овие фотографии и да разбере дека Русија е терористичка држава. Ни требаат повеќе системи за противвоздушна одбрана, противракетни системи, артилерија и муниција. Ни требаат што е можно поскоро. Украина се бори за нашата и вашата слобода. Донесете одлука“, апелира Стефанчук.

Украинската амбасадорка Лариса Дир, пак, во објава на социјалните мрежи ѝ се заблагодари на министерката за одбрана Славјанка Петровска за поддршката што Северна Македонија и ја дава на Украина за време на руската агресија.

„Искрено ѝ благодарам на Славјанка Петровска за постојаната помош високо ја цени поддршката на Северна Македонија, која ја добиваме од првите денови на руската агресија против Украина Поддршката на Северна Македонија е од витално значење за Украинците, кои секојдневно се наоѓаат под ракетно гранатирање од членка на UNSC-Руската Федерација“, напиша амбасадорката Лариса Дир.

Претходно министерката Петровска објави фотографии од Министерски состанок на Контакт групата за поддршка на Украина.

„Министерски состанок на Контакт групата за поддршка на Украина. Руската агресија која предизвикува само човечки страдања мора да запре. Северна Македонија од првиот момент на оваа неиспровоцирана агресија е јасна и недвосмислена во поддршката за Украина“, се наведува во објавата од минисерката Петровска.

Утрово, како што пренесе Укринформ, најмалку осум експлозии одекнаа во Харкив. Целосно е уништен дел од петкатница. Исто така, околу 4 часот се регистрирани и експлозии. Станбена зграда и друга цивилна инфраструктура претрпеа оштетувања, се вели во извештаите од украинските власти.

Подготви: Ј. Ѓ. 

Преземено: Цивил Медиа

Лариса Дир Украина Харкив
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.