НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Врховен суд потврди дека пресудил во корист на државата во однос на сопстевноста на зградата на ССМ

0
By Marija Todorovska on January 24, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Врховниот суд на Република Северна Македонија денеска соопшти дека на 9.11.2023 година донел пресуда за предметот РЕВ 1-77/22, во кој тужител е Република Северна Македонија против тужениот Сојузот на синдикатите на Македонија Скопје, за утврдување право на сопственост на недвижен имот кој претставува административна зграда како објект од општ интерес за државата. Со што потврди дека е донесена пресуда со која им се одзема работничкиот дом на ССМ.

-Врховниот суд на Република Северна Македонија во совет составен од судиите Шпенд Деваја – претседател на советот, Јелица Крстевска, Наке Георгиев, Анита Бошковска и Исамедин Лимани – членови на Советот, во правната работа на тужителот Република Северна Македонија, против тужениот Сојуз на синдикатите на Македонија Скопје, донесе пресуда со која ревизијата и тужбеното барање на тужителот се усвојуваат, наведуваат од Врховниот суд во соопштението објавена на нивната веб-страница.

Исто така, се посочува ја информираат јавноста дека Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, согласно годишните распореди, од денот на изборот за Претседател на Врховниот суд на Република Северна Македонија, не учествувал и не учествува во одлучувањето по предметите кои се наоѓаат пред Врховниот суд на Република Северна Македонија, ниту пак, има надлежност и овластување да влијае во донесувањето на одлуките, односно врз независноста на судиите во врска со одлучувањето по одделни предмети, согласно Законот за судовите.

Во образложението на пресудата се наведува дека Врховниот суд на Република Северна Македонија, одлуката ја донел врз основа на член 82 од Законот за здруженија на граѓани и фондации („Службен весник на Република Македонија“ бр.31/1998), според која имотот и средствата доделени на општествените организации и здруженија на граѓани, добиени на користење од страна на поранешните општествено-политички заедници и самоуправни интересни заедници, се државна сопственост.

-Предметниот објект-административна зграда и земјиште се сопственост на тужителот, согласно одредба од член 82 од Законот за здруженија на граѓани и фондации, бидејќи правниот претходник на тужениот, истите ги изградил и стекнал во поголем дел со средствата добиени од тужителот како правен следбеник на тогашната НР Македонија, а не со сопствени средства, со оглед дека истите во периодот на изградба на објектот, со својот правен субјективитет немал ниту можел да има сопствени средства. Во периодот кога е изградена предметната недвижност, правниот претходник на тужениот бил општествено политичка организација, која не обавувала стопанска дејност, поради што немала и не можела да има сопствени приходи за стекнување на имот, наведуваат од Врховниот суд.

Согласно член 1 од Одлуката за определување објекти и работи чии инвестициони програми ќе ги одобрува Одборот за стопанство на извршниот совет („Службен весник на НРМ“ број 23/58), инвестиционите програми за објектите и работите што се од општ интерес за НРМ ќе ги одобрува Одборот за стопанство на Извршниот совет, а според член 2, како објекти од општ интерес во смисла на одредбите од претходниот член, се сметаат покрај другите и објектите од општествен стандард, чија вкупна вредност го надминува износот од 100 милиони динари, без оглед на изворите на средствата, освен објектите од станбена зграда, поради што неспорно произлегува дека предметната недвижност е ствар – добро од општ интерес за Републиката, стои во соопштението од Врховниот суд..

Сојузот на синдикати на Македонија денеска на вонредна прес-конференција побара одговорност од Врховниот суд доколку се точни информациите дека е донесена пресуда со која им се одзема работничкиот дом. Најавија и дека ќе побараат оставка од претседателот на Врховниот суд, како и од Советот на судии, доколку донел ваква одлука.

-Од 1992 година правени се разни обиди да се грабне, да се приграби овој објект како Работнички дом во интерес на некои елити. Тоа што го правеа со фабриките што ги градеа работниците сакаат да го направат и со Работничкиот дом и во низа години се правеле разни обиди, се воделе разни постапки со кои се сакало да се одземе имотот, меѓутоа аргументите биле пресилни. Средствата кои сме ги двоеле биле преголеми. Документите со кои сме располагале од одобрение за градба, од инвестициска програма, од договори за изградба, од обезбедени финансиски средства преку банка – синдикални пари, од целокупните произнесувања на сите органи – одобрение за употреба на оваа зграда и слично, се на име и на сметка на ССМ и на никој друг, рече претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во изјава за медиумите рече дека е на страната на Сојузот на синдикати на Македонија, а за пресудата на Врховниот суд, упати одговорите да се бараат таму.

-Јас никогаш не коментирам судски одлуки, меѓутоа јас сум на страната на ССМ, рече Ковачевски  на новинарско прашање по означувањето на почетокот на градба на логистичко-дистрибутивниот центар на ЛИДЛ во земјава.

Врховен суд пресуда ССМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.