НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судскиот совет на свечена седница го одбележа јубилејот 30 години од формирањето

0
By Marija Todorovska on January 26, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска на свечена седница го одбележа јубилејот 30 години од формирањето.

Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева пред членовите рече дека актуелниот состав на Судскиот совет, иако нецелосен, е исправен на патот за унапредување на судството, за самостојно, независно и непристрасно судство како и судство ослободено од секакви влијанија и притисоци.

-Верувам дека сега откако ќе ги имплементираме и препораките од извештајот на Оценската мисија на ЕУ на што работиме посветено, ќе имаме и повод и прилика да одбележуваме постигнат успех и напредок затоа што постигнатата цел е причина којашто ќе ја имаме и во други прилики за одбележување на работата на Судскиот совет, истакна Дамева.

Цврсто сум убедена, рече Дамева, дека овој состав на Судскиот совет ќе остави значајна трага од своето работење.

-Ниту еден состав на Судскиот совет не бил поприсутен во јавноста, а јавноста најнепосредно може да го следи работењето токму на овој состав на Судскиот совет. Се надевам дека во иднина Судскиот совет ќе биде видлив за јавноста, но не во негативна конотација, туку ќе биде видлив по позитивните чекори, активности и успеси што ќе следуваат, нагласи Дамева.

Таа потсети на историјатот на Советот, кој согласно Законот за Републички судски совет од 1992 година,  бил составен од седум членови кои ги има избрано Собранието на Република Македонија од редот на истакнати правници, од кои четворица биле од редот на судиите и тројца од други институции.

-Претседателот во тој период се избирал од редот на членовите и бил со мандат од три години без право на повторен избор. Од донесување на овој Закон за Републичкиот судски совет се до 2006 година кога бил донесен новиот закон функционирале три состави на Републичкиот судски совет и тоа првиот состав бил избран на 16 јануари 1994 година со мандат од шест години до 3 февруари 2002 година. Прв претседател на Републичкиот судски совет бил Тихомир Беловски, а потоа Мугбил Бејзат.  Вториот состав на Републички судски совет бил избран на 3 февруари 2002 година и во овој состав претседатели биле Рафаел Черепналковски, а потоа Јордан Дескоски, потсети Дамева.

Третиот состав на Републичкиот судски совет, како што рече претседателката на Советот, бил избран на 23 септември 2003 година и претседател во овој состав биле Ленче Софрониевска до 2006 година кога бил донесен Законот за Судскиот совет на Република Македонија со кој се менува името на оваа институција од Републички судски совет во Судски совет на Република Македонија а воедно се менува и составот.

-Според Законот за Судски совет на РМ од 2006 година Советот бил составен од 15 членови, од кои по функција членови на Советот биле претседателот на Врховниот суд и министерот за правда, осум членови на Советот ги избирале судиите од своите редови, а тројца од избраните членови биле припадници на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија. Тројца членови на Советот ги избирало Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници при што потребно било да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници коишто припаѓаат на заедниците, а кои не биле мнозинство во Република Македонија. И на крај, двајца членови на Советот предлагал претседателот на државата, а изборот го вршело Собранието на Република Македонија, од кои еден припадник на заедниците кои не биле мнозинство, истакна Дамева.

Првиот состав како Судски совет со мандат од шест години и во состав од 15 членови е избран на 15 ноември 2006 година. За претседател бил избран Бекир Исеими, а потоа претседатели биле Васил Грчев, Александра Зафировска…Во 2012 година во вториот состав претседатели биле Александра Зафировска и Зоран Караџовски, а во третиот состав претседатели биле Киро Здравев, Павлина Црвенковска, Сашко Георгиев и Весна Дамева.

Јубилеј свечена седница Судски совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.