НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изгласана техничката Влада, премиер е Џафери: Ќе гo одржуваме политичкиот курс со ЕУ, НАТО и САД

0
By Gabi Tocko on January 28, 2024 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собранието, со 65 гласа ЗА и три Против, од 111 пратеници кои беа присутни, ја изгласа техничката влада на Талат Џафери, кој ќе биде премиер во следните 100 дена.

Тој денеска во Собранието во своето експозе пред пратениците нагласи дека за време на неговото водење на владиниот кабинет, политиките што ќе ги следи за овие 100 дена, се владеењето на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал. Тој рече дека тие определби остануваат централни и стратешките политики на државата.

„При приемот на мандатот за формирање на преодната Влада за спроведување на изборите за пратеници од Претседателот Пендаровски, истакнав дека го прифаќам мандатот со задоволство и полна одговорност, со ветување дека совесно и врз основа на Уставот и законите, Владата и преговорите за нејзино формирање ќе ги водам на соодветен начин политичката потреба и состојба во државата, со надеж дека предлогот што денес се наоѓа пред вас ќе биде соодветниот состав кој ќе ги исполни очекувањата на актуелната ситуација и над се, со одговорност кон граѓаните. Овој состав на Владата го предлагам врз основа на меѓусебниот политички договор помеѓу лидерите на најголемите политички парламентарни партии во Собранието на Република Северна Македонија, што се одржа на 4 декември 2023 година, и каде се дефинираше рокот за одржување на редовните претседателски избори на 24 април и 8 мај и на редовните парламентарни избори на 8 мај 2024 година и се донесе одлука за формирање на преодна Влада на Република Северна Македонија,“ нагласи Џафери пред пратениците во своето експозе.

Иако може, подвлече тој во својот говор, да се нарекува преодна Влада чиј што прв приоритет ќе биде одржувањето на редовните претседателски и парламентарни избори на фер и демократски начин, тој го нагласи следново:

„За мене, како мандатар на оваа Влада, нема разлика дали станува збор за 1 или 100 дена, за техничка или преодна Влада! Јас, оваа должност, оваа доверба, чест и над сѐ, исклучително важна одговорност ја сфаќам и ќе ѝ пристапам онака како што сум постапувал во секоја етапа и при секој предизвик кој што се појавувал пред мене во мојот професионален и персонален живот. Сакам да ве уверам дека во ниту еден миг нема да дозволам да отстапиме од тоа што значи функционална и доверлива институција за граѓаните и институција со јасни надлежности дефинирани со Уставот во однос на другите столбови на власта во Република Северна Македонија. Имајќи предвид дека оваа Влада е предлог по преговорите на политичките партии, и е продолжение на претходната Влада која работеше со усвоена Програма за работа на Владата“.

Џафери во говорот истакна дека Владата што ја предводи се обврзува да продолжие со целосно, ефикасно и успешно спроведување на усвоените политики.

Владата на Република Северна Македонија има мандат за реализација на истакнатите приоритети врз основа на стратешките определби дефинирани на јасен и консензуален начин за целосна и забрзана интеграција и полноправно членство на државата во Европската Унија до 2030 година; за успешно функционирање и придонес за заедничката државна, регионална и европска колективна безбедност во рамките на НАТО Сојузот; за ефикасно спроведување на успешните политики за унапредување на животниот стандард на граѓаните и забрзувањето на растот и економскиот развој преку јасните индикатори во 2024 година, како и целосното продолжување на успешните политики, инструменти и одлуки за поддршка на социјалните, здравствените, образовните, културните и цивилните потреби и приоритети на сите граѓани. Работата на Владата ќе се заснова врз овие начела:

  • Целосно почитување на Уставот и законите на Република Северна Македонија
  • Подготовка и успешно спроведување на редовните слободни, фер, демократски и конкурентни претседателски и парламентарни избори со највисоките стандарди на Европската Унија, на ОБСЕ/ОДИХР и Советот на Европа
  • Континуитет во спроведување на успешните Владини политики и програми во 2024 година
    Одржување на висок степен на дијалог, отвореност, отчетност и инклузивност во својата работа и комуникација со сите институции и граѓаните
  • Одржување и унапредување на стратешкото партнерство на Република Северна Македонија со Европската Унија, НАТО Алијансата и Соединетите Американски Држави
  • Целосно спроведување на принципите и одлуките од Договорите важни за меѓу-етничките односи, внатрешната кохезија и стабилност и успешна евро-атлантска интеграција, рече Џафери.

Според него, за да биде доследна на овие начела, Владата на Република Северна Македонија, во периодот до изборот на идната политичка Влада, ќе се фокусира на своите конкретни стратешки и државни приоритети кои тој ги елаборира накратко и посочи дека тие се пошироко елаборирани во пишана форма во самата Програма за работа.

„Во однос на врвниот приоритет на Владата, а тоа е подготовката и организирањето на слободни, фер и демократски редовни во директна, отворена и законита процедура и соработка со Собранието, Државната изборна комисија и Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, Европската Унија и САД, ќе ги спроведе сите законски, институционални, организациски и оперативни предуслови за спроведување на јасната волја на граѓаните, со цел да се овозможат највисоките европски стандарди во процесот во изборната кампања и самите избори, односно да се одржат избори со целосен легалитет, легитимитет и консензуално прифаќање на изборната волја на граѓаните,“ потенцира Џафери.

Што се однесува на членството во Европската Унија и забрзаната европска интеграција, со цел полноправно членство до 2030 година, техничкиот премиер Џафери рече дека, Владата ќе продолжи да ги спроведува сите процеси и обврски кои произлегуваат од започнатите пристапни преговори.

„Меѓу нив се обврските што произлегуваат од одржаните билатерални скрининг состаноци, од извештајот на Европската Комисија од скринингот за Кластер 1, како и за другите кластери кои се во процес на подготовка,“ рече Џафери, сега веќе премиер на земјата.

Тука спаѓа и Патоказот за реформи во јавната администрација и за поглавјата за владеење на правото со Акциски план, и за подготовка на Патоказот за функционирање на демократските институции, се до нивно финализирање, нагласи Џафери во своето експозе пред пратеничкиот состав.

Извор: Фронтлајн

Влада Собрание Талат Џафери Технички премиер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.