НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Националната стратегија е со цел да обезбедиме подобар живот на граѓаните и создавање на заедничка иднина

0
By Marija Todorovska on January 30, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ учествуваше на управниот одбор за проектот „Поддршка за изготвувањето на Националната развојна стратегија на Република Северна Македонија.

Првиот вицепремиер Маричиќ изразувајќи поддршка за националната стратегија му честита на Вицепремиерот Битиќи за неговата упорност, доследност во процесот на водење и реализација на стратегијата што претставува сериозен процес на креирање на разумни цели, разумни политики кои се базираат на досегашниот тек на нашата држава и на научените лекции од овој досегашен тек.

Во продолжение Маричиќ им се заблагодари на УНДП за  целиот процес на спроведување на националната стратегија за развој и на сите партнери што помогнаа во овој процес, ОН генерално како рамка, Обединетото Кралство и Словачката Република  како главни партнери.

„Она што мене лично, како носител на процесот на европски интеграции ми беше важно и го има е што овој документ го зема сериозно предвид стремежот на Република Северна Македонија да се приклучи кон  ЕУ и што усогласеноста на областите и целите со стратегиите, политиките и законодавството на ЕУ се еден од темелните принципи на овој документ што јасно упатува на една заедничка координирана акција на сите чинители во општеството се насочени во таа насока.“ , истакна вицепремиерот.

„Верувам дека со отворањето на кластерите и подготовката на преговарачките позиции, документи, сите оние суштински формални делови на преговарачкиот процес ќе  дадат дополнителен импулс на имлементација на оваа стратегија ,  но исто така и ќе црпат и инспирација од оваа стратегија и ќе биде извор на референтна точка и извор на креирање на овие документи, а се со цел да обезбедиме подобар живот на граѓаните и исполнување на целите на ова општество.“ рече Маричиќ.

За крај првиот вицепремиер Маричиќ даде предлог во Воведниот текст на нацрт стратегијата во втората реченица, наместо „…особено имајќи го предвид стремежот на Република Северна Македонија да се приклучи кон Европската Унија (ЕУ) до 2035 година…“, да стои „…до 2030 година…“, која што година е стратешка определба за нашата држава.​

маричиќ национална стратегија ОН
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.