НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Добро за Ромите, добро за Северна Македонија“ трансформативен настан со акцент на итните предизвици со кои се соочуваат Ромите

0
By Marija Todorovska on February 3, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вечерва, со почеток од 19 часот во Филхармонија се одржа настанот „Добро за Ромите, добро за Северна Македонија“ организиран од страна на Ромите за Демократијата.

Настанот беше поделен на два дела. Првиот дел беше наменет за проникливи дискусии водени од ценети говорници, а вториот дел од настанот присутните имаа можност да го проследат концертот на Roma: The Force Of Nature, насловен „Хармонизирање на нациите: Ромите- пулсот на единството на Западен Балкан“, предводено од страна на Бекир Халити.

Настанот беше предводен од Селвије Мустафи Алкан и Андријано Џеладин. А на сцената се обратија истакнати лидери како Жељко Јовановиќ, Фатима Османовска, Кемал Сулејманов, Реџеп Али Чупи и Надрие Шаќири-Реџепи.

Наспроти позадината на историската маргинализација и влошените политики по Охридскиот Рамковен Договор, овој настан послужи како светилник на промени во пресрет на изборите. На настанот се истакнаа приоритетите и политиките корисни за Ромите, но и за Северна Македонија.

Во своето обраќање Жељко Јовановиќ, директор на Open Society Roma Initiatives Office, истакна дека за прашањата кои ги засегаат Ромите не е доволно да се чека на националната влада, ниту на ЕУ. Стави акцент на стратегиите кои би требало да се променат и да се оствари потенцијалот на Ромите.

„Ние сме толку силни кога сме обединети колку што сме слаби кога сме поделени“, со оваа мисла го започна својот говор Фатима Османовска, претседателка на Општинскиот Совет на Шуто Оризари. Истакнувајќи го проблемот на Ромите кои се соочуваат со дискриминација во другите општини. Нагласувајќи деца децата Роми во другите општини седат на последните клупи во училниците, нема место за нив во престижните гимназии и не се наградувани со признанија како другите деца. „Многу е подобро да си Ром кој што живее во Шуто Оризари, отколку во која било друга општина”, додаде таа.

На настанот присуствуваа Димитар Ковачевски, вицепремиерот Бојан Маричиќ како и Јованка Тренчевска.

Директорката на Иницијатива за економски развој на Ромите во своето обраќање го истакна значењето на инвестирањето во ромски претприемачи се со цел да се разбуди претприемачкиот дух во ромските заедници.

Реџеп Али Чупи, ко-директор на Ромскиот Образовен Фонд зборуваше за обезбедувањето на пристап на Ромите до образованието и инвестирање во нивното вработување.

Овој настан беше организиран се со цел да се обединат Ромите и Северна Македонија во визија за единство, напредок и културно богатство.

Сите оние кои не можеа да присуствуваат на настанот имаа можност да го следат во живо на фејсбук страната на Ромите за Демократијата.

Подготви: Марија Тодоровска

 

Добро за Ромите добро за Северна Македонија Ромите за Демократијата
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.