НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Таравари ја „продаде кучата“, Села поведе „имотно-правна постапка“

0
By Ана Василевска on February 5, 2024 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Со бесмислена егоистичка одлука Арбен Таравари си ја подели партијата и изгуби купишта гласови непосредно пред двојните избори. Таравари ја „продаде кучата“, Села поведе „имотно-правна постапка“, беше првата моја реакција кога слушнав за превирањата во Алијансата за Албанците.

Од позиција на власт, криејќи се позади вечито популистичката реторика „народот бара“ излегува Таравари со објава на Фејсбук и вели: „Верувајќи непоколебливо во моите сопартијци и во нашата заедничка визија, ја барам нивната доверба да Алијансата за Албанците влезе во изборна трка со албанската опозиција и заедно да продолжиме да го правиме најдоброто за оваа земја“.

Види бога ти?!

Да верувал Таравари во сопартијците тие одлуки како претседател на партија ќе си ги решел внатрепартиски, во телата на партијата кои одлучуваат, вака само покажа колку е немоќен и евтино си го продаде авторитетот и како намерно да ги закопа шансите на АА да и покажат заби на ДУИ на претстојните избори.

Да бараше ДУИ ваков како Таравари не можеше да најди, мајке ми.

Албанските гласачи се најкохерентните гласачи во Македонија кога се работи за евроинтеграциите. Тоа на Таравари сигурно му е појасно отколку на сите други. Што го сподеси па да извлече салто-мортале непосредно пред целта, е да се чуди човек?!

Од друга страна Села ги збива партиските редови и се обидува да ја спаси партијата од ѓурултијата што ја направи Таравари. Поранешниот лидер на Алијанса за Албанците и актуелен претседател на партиското Централно претседателство, објави фотографија со голем број партиски членови, негови приврзаници, и порача: „Тоа е големата куќа, Алијанса за Албанците“.

„Тенденциите партијата да се шверцува за сметка на не-знам-кој преку Фејсбук статус е сериозно кршење на Статутот на партијата, за што претседателот на партијата мора да одговара пред партиските органи. Обидите на претседателот на партијата ставот искажан преку социјалните мрежи да го прикаже како лична одлука е кукавички чин кој сериозно ги нарушува идеолошките линии на Алијанса за Албанците,“ реагираше Села

Во меѓувреме почнаа и физичките пресметки и заканите.

Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Дритон Небиу, од Алијанса за Албанците, синоќа бил физички нападнат додека со семејството вечерал во еден познат тетовски ресторан.  Непосредно пред тоа Небиу изрази јавна поддршка за Зијадин Села. Сега пак читам за наводна „куршум порака“ во дворот на Таравари.

И, за жал, сигурно нема само на тоа да запри.

Тоа се тие ситуации на кои антиевропските сили тријат раце и се насладуваат.

Политичкиот аналитичар Благојче Атанасоски во изјава за Фронтлајн вели дека чудно е зошто Таравари оди на страната на силите кои не ги изгласаа уставните измени и ги кочат евроинтеграциите

„Одлуката на Арбен Таравари да оди со етничко албанската опозиција е во најмала рака чудна….Симптоматично е зошто Таравари оди со овој фронт, кога самиот има изјавено дека по препорака на стратешките пријатели, тој влегол во власта за да го засили проевропскиот брод на евроинтеграциите. Со оваа одлука испаѓа дека тој прави политички потег со кој го напушта овој тренд и оди на страната на силите кои не ги изгласаа уставните измени за внес на Бугарите во Уставот како услов без кој не се може да се продолжат евроинтеграциите“, нагласи Атанасоски.

Таравари им „заби нож во грб“ на својата партија, на Села и на Албанците, а најмногу себеси.


Текстот е личен став на Авторот

Извор: Фронтлајн.мк

Арбен Таравари Зијадин Села
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.