НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Според Митрески за нашата држава нема друга алтернатива освен Европската унија

0
By Marija Todorovska on February 6, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Времето покажа дека заложбите за наше зачленување во НАТО се покажаа правилни, тоа се потврди и овој период по агресијата на Русија врз Украина, кога нашата држава како земја членка на НАТО има далеку побезбедна иднина отколку ако беше надвор од овој Сојуз, вели претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован  Митрески, за 24info.mk.

Како што вели во интервјуто, Митрески силно верува дека нашата држава ќе продолжи успешно да чекори по евроинтеграцискиот пат, да работи на имплементирање на европските вредности и стандарди и да обезбеди побрз економски развој и напредок за своите граѓани.

Од самиот почеток на неговото политичко дејствување, прво како пратеник, потоа како координатор, а и сега како претседател на Собранието Митрески има јасен став во однос на евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија, а тоа дека за нашата држава, за нашите граѓани, за нашата иднина нема друга алтернатива освен Европската Унија.

За оние кои ја следат работата на Собранието, но и политичките случувања во државата, Јован Митрески им е и тоа како познато име. Станува збор за пратеник од редовите на политичката партија СДСМ со долгогодишен пратенички стаж, пишува 24инфо.мк

Митрески прв пат е избран на парламентарните избори во 2014 година, а потоа и на изборите во 2016 и 2020 година.  Кон средината на вториот пратенички мандат станува координатор на пратеничката група на СДСМ, на којашто функција останува се до изборот за прв човек на Собранието.

Во периодот од 2016 до 2023 година, Собранието е во еден од најтурбулентните периоди, кога седниците ги карактеризираат блокади, караници, па дури и кршења на собранискиот инвертар.

Пролетта 2017 година, после неколку месеци одлагање, беше избран нов претседател на Собранието и создадено ново парламентарно мнозинство, по што се случи насилен упад во зградата на Собранието. 

Пратеничкиот состав од 2016 до 2020 година и парламентарното мнозинство што тогаш го предводеше СДСМ, ги донесе измените на Уставот согласно Договорот од Преспа, и изгласа многу важни закони за реформите на правосудството и администрацијата, како и за унапредување на правата од социјалната заштита, а мандатот беше заокружен со ратификување на Протоколот за НАТО со што Македонија стана 30та земја членка на Алијансата.

Слично продолжи и следното парламентарно мнозинство исто така предводено од СДСМ со Јован Митрески како координатор на пратеничката група.

Овој пратенички состав исто така успеа да донесе важни закони за граѓаните, за развојот на државата, а со усвојувањето на Европскиот предлог успеа да ја придвижи државата на патот кон ЕУ, по што започна и скрининг процесот како подготовка за отворањето на првите поглавја.

ЕУ Јован Митревски НАТО Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.