НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранието работи без доволен број пратеници за гласање по предлози од три седници

0
By Marija Todorovska on February 6, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собранието денеска работи без доволен број пратеници и за предлог-законите што беа на дневен ред на трите последователни седници (138, 135 и 95) ќе се гласа дополнително. Кворум имаше само за изгласување на Предлог-одлуката за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Обединетите нации (УНИФИЛ) во Либан, која беше прва точка од првата од трите седници.

Од дневниот ред на 138-та седница,  завршена е општата расправа, но ќе се гласа дополнително за Предлог-законот за дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија и за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациска сигурност, двата по скратена постапка, додека за Предлог- законот за дополнување на Законот за државното правобранителство, по скратена постапка, беше соопштено дека е повлечен од Владата.

Илија Николовски од Партијата на обединети пензионери и граѓани за Законот за служба во Армијата рече дека се заокружува долготрајна и макотрпна работа и се исправа неправда кон дел од безбедносните структури. Смета дека некои од нив ќе останат незадоволни поради тоа што се уште има предлози кои, рече, од непознати причини не се разгледуваат, како што е откуп на станови за припадници на полицијата.

Во врска со Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациска сигурност, пратеничката  Бети Рабаџиевска-Наумовска од СДСМ појасни дека се уредува контролата над сите извори на јонизирачко зрачење и заштита на населението и подобра и строга контрола на радиоактивен отпад. Со него се предвидува Институтот за јавно здравје да биде национален оператор за склад на радиоактивен отпад.

Во рамки на 135-тата седница беа ставени за дискусија и дополнително треба да се гласа за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка, и Предлог-одлуката за одобрување на Финансискиот план на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио телевизија за 2024 година.

Во рамки на 95-тата седница, пак, беа разгледани две точки од дневниот ред за чие усвојување ќе треба дополнително да се гласа – Финансиски план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2023 година  и Посебен извештај на Државната комисија за спречување на корупцијата за утврдените состојби во финансирањето на изборната кампања – Локални избори за избор на градоначалник на Општина Маврово и Ростуше, градоначалник на Центар Жупа и Совет на Општина Тетово во 2022 година.

Потпретседателот на Собранието Горан Мисовски ја прекина седницата  и најави дека ќе продолжат со работа во 13:30 часот.

пратеници седница Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.