НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украинските сили онеспособија третина од бродовите на руската Црноморска флота

0
By Marija Todorovska on February 7, 2024 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Украинската воена разузнавачка агенција минатиот викенд објави снимка на која се гледа како украински  беспилотни пловила уништуваат руски воен брод во Црното Море кај полуостровот Крим.

По неколку директни удари, бродот бил оштетен до степен што не можел да плови, соопшти агенцијата и го именувала воениот брод како „Ивановец“.

Руската влада не даде непосредна изјава за настанот, но на сметите на Телеграм со врски во руската војска се вели дека Украина нападнала ноќе, со девет поморски беспилотни летала.

Ова е последен од низата успешни украински напади со проектили и водни дронови врз бродови на руската флота во Црното море што резултираа со уништување и онеспособување на неколку руски воени бродови и ја примораа руските команда да бара алтернативни поморски бази, вон досегот на украинските дронови во регионот.

Според Телеграм објавата на Одделот за стратешки комуникации на Канцеларијата на врховниот командант на вооружените сили на Украина (СтратКом), украинските сили онеспособиле приближно 33% од сите борбени бродови во руската Црноморска флота од почетокот на целосната инвазија.

 „Генералштабот на вооружените сили на Украина изјави дека нашата војска онеспособила 24 руски бродови и една подморница. Јавно достапните информации покажуваат дека руската Црноморска флота имала вкупно 74 борбени бродови на почетокот на целосната инвазија“

Како што пренесува Украинска правда, на 1 февруари, Одбранбеното разузнавање на Украина извести дека војниците на единицата за специјални сили Група 13 на Одбранбеното разузнавање на Украина ја уништиле корветата со наведувана ракета „Ивановец“, дел од руската Црноморска флота, ноќта меѓу 31 јануари и 1 февруари 2024 година.
На 4 август 2023 година, Службата за безбедност на Украина спроведе специјална операција во Новоросијскиот залив, Русија. Површински брод без екипаж (USV) го оштети тешкиот десантен брод Оленегорски Горњак, предизвикувајќи „сериозно пробивање“.

Украинското разузнавање соопшти дека поради украинските напади врз руската морнарица, окупаторите се обидуваат да воспостават поморска база во Очамчире, град во грузискиот регион Абхазија, окупирана од Русија.

Како што објави предходно ЦИВИЛ МЕДИА, во 23 месеци тешки борби, руската Црноморска флота го загуби – од украинските беспилотни летала и проектили – својот главен крстосувач, четири амфибиски бродови, една подморница, еден брод за снабдување и неколку патролни чамци и десантни бродови. Во 2023 година „најдраматичната загуба досега беше уништувањето на [подморницата] Ростов-на-Дон од 3.100 тони во сувиот док на пристаништетп во Севастопол“.

Драган Мишев / Цивил Медиа

Русија Телеграм Украина ЦИВИЛ Медиа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.