НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Штрајкот на вработените во ФЗО во мирување до 31 мај, синдикатот очекува истата вредност на бодот да остане и по изборите

0
By Marija Todorovska on February 7, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Платите во Фондот за здравствено осигурување нема да се менуваат и ќе останат исти согласно одобрениот буџет за 2024 година, заклучно со 31 мај. Штрајкот на вработените во ФЗО е во мирување, по препораката на Владата, која помина и на денешната седница на Управниот одбор на Фондот, потврдија на денешната прес-конференција генералните директори на ФЗО Магдалена Филиповска Грашковска и Асаф Абдурамани, заменик-министерката за здравство Маја Манолева, како и двајца преставници од Синдикатот и од УПОЗ.

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Дејаноски, потенцира дека штрајкот на вработените во ФЗО денеска е ставен во мирување, односно дека не е прекинат, а следи по препоарката на Владата која беше донесена вчера и денешната на УО, со што вели, само е потврдено она што е договорено со менаџментот на Фондот минатата година, дека платите на вработените ќе пораснат за 15 отсто.

– Жалиме што дојде до ваква разрешница – да дојдеме до штрајк за Владата да препорача да останат истите плати. Ги зацементиравме платите до 31 мај, оваа година. Можам само да се надевам дека и по 31 мај ќе остане истата вредност на бодото и дека Владата нема да се меша  во независноста и во работењето на Фондот за здавство и во работењето на работниците. Ова покачување ќе значи продолжување на редовно извршување на работните задачи на вработените во ФЗО, дека сите граѓани ќе бидат сервисирани во нивните барања, рече Дејаноски изразувајќи воедно благодарност до Владата и премиеорт, до медиумите за поддршката на нивните активности, до вработените и до покажаното единство како и до граѓаните што покажа разбирање.

На новинарско прашање, Дејановски кажа дека штрајкот е во мирување, не е во прекин, бидејќи не се однесува за периодот до карјот на годинава. Напомена дека ќе се чека да се завршат изборите и ребаланс на буџетот, со што очекуваат да се донесе новата вредност на бодот за што инсистираат таа да биде иста како и сегашната 77,16 денари. Очекува од новата Влада вредноста на бодот да биде потврдена.

-Ние не бараме преку леб погача, бараме она што следува и што е договорено да се исплаќа и понатаму -15 проценти покачување на плата е еден милион евра по наша матиката од буџетот на Фондот, што е капка во море не само за буџетот на Фондот туку и капка во море за буџетот на Република Македонија. За барањето да се извиниме, да кажеме дека три дена траеше штрајкот, сите работни задачи што работници не ги извршуваа во овој период ќе се извршат најбрзо што можат за сите осигуреници во ФЗО, извинување не е потребно, вели Дејановски.

Претседателот на Синдикатот на вработените во ФЗО Бранко Аџигогов рече дека со донесената одлука на УО се заврши оваа мини криза во институцијата, а вработените се вратија на работните места. Тој ја пофали Владата и премиерот за донесената одлука која вели била најразуманта што можела да се донесе.

-После 31.05., иако нема некаква гаранција, веруваме дека никој нема да се осмени да ги намали платите на вработените, рече Аџигогов.

Заменичката министерка Манолева нагласи дека оваа одлука ќе има важност од 1 јануари до 31 мај 2024 година, што го опфаќа периодот до трајно решение кое ќе биде во интерес на вработените во Фондот.

-Со ова сакам да најавам дека продолжуваме да се залагаме за достоен третман на сите вработени во инстутуциите и да градиме здрава и конструктивна раб стредина во која сите можеме да бидеме задоволлни и успепшни, рече Манолева која се заблагодари на сите чинители кои биле вклучени во надминување на ова како што рече недоразбирање.

Генералната директорка на Фондот за здравствено осигурување Магдалена Филиповска Грашковска рече дека со денешната одлука на УО на Фондот согласно новата препорака од вчерашната седница на Владата за задржување на вредноста на бодот, се исполнија барањата на синдикатот.

-Нашите вработени се враќаат на работа, со зголемен интензитет да ги извршуваат работните обврски и очекуваме дека нема да има никакаков застој во однос на остварувањето на правата и на осигуренците, но и на сите здравствени установи и сите други субјекти со кои соработува Фондот, рече Филиповска Грашковска и нагласи дека вакво зголемување на платата на вработените во Фондот се нема случено повеќе од 12 години при тоа изразувајќи очекување дека од вработените се очекуваат максимални напори за да се подобрат услугите за здрвствените осигуреници.

Генералниот директор на Фондот Асаф Абдурамани надополни дека на патот кон ЕУ,  ФЗО има потреба од повеќе реформи, кои е можно да се реализираат од менаџментот само со задоволни вработени во институциата, а истата очекува да биде рефлектирана и во јавното здравство кај вработените 20.000 кои припмаат плата идниректно од Фондот.

Вработените во ФЗО изминатите два дена штрајкуваа поради најавите за кратење на нивните плати за 21 процент. Според Синдикатот, ако се намалат платите, 25 проценти ќе добиваат плата под минималната, а 25 отсто во висина на минималната плата.

Влада ФЗО штрајк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.