Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петровска: Седењето во влада кога сте на став дека е подобра опозицијата нема логика

0
By Marija Todorovska on February 9, 2024 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 9, 2024 09:31

„Не сум прочитала ни дека има некоја држава во која одредена политичка партија номинира свои министри, а не гласа за нив.Но, веројатно одреден политички ситуации во државата не само сега туку и изминатиот период не прават да се разликуваме од останатите.  Техничка е владата зашто сме пред избори , меѓутоа оваа влада и сите институции треба да гарантираат дека сите обврски и надлежности ќе ги исполнуваме онака како што е предвидено и нема да попречиме во нормалното функционирање на државата. Покрај тоа што фокус се изборите, се разбира си ги извршуваме и секојдневните активности секој од своја надлежност. Во врска со вашето прашање, на Алијанса и превирањата што тие внатре ги имаат во нивната политичка партија, од тој аспект јас не би навлегувала да ги анализирам случувањата во нивната партија, меѓутоа ќе кажам дека она што е предлог на претседателот на владата, Џафери, кој е веќе предложен во Собранието, а тоа е замената на двајцата министри, се надевам дека ќе биде подржан,“ рече министерката за одбрана Славјанка Петровска, во емисијата „Само Интервју“ на Канал 5 Телевизија, во врска со реконструкција на техничката влада по само 10 дена од нејзиното формирање. 

Таа посочи дека СДСМ ги следи изјавите дадените во јавноста од Таравари кои се во насока дека гледаат преспектива во опозициониот блок. Петровска посочи дека ако сметаат дека опозициониот блок дава подобри шанси, зошто воопшто седат во владата и седењето во влада кога се на став дека подобра е опозицијата нема логика.

„Многу длабоко навлеговме во тоа што се случува во албанските партии,и за тоа дали е некој против ДУИ, а во државата на маса имаме нерешени прашања кои треба да ги решиме час поскоро за доброто на државата. Се заглавивме во дисикусија што се случува во нив. Она што е најважно за секој кој учествува во политиката особено во наредниот период како ќе доаѓаат изборите, е да бидеме чесни и одговорни пред сопственото гласачко тело, пред граѓаните. Едцноставно да бидеме искрени и чесни. И да кажеме кој е планот на секој од нас и како политичари и како претставници на политички партии. 

Таа посочи дека не е само врз основа на Фејсбук статус на Таравари. Како и дека денес се одржува состанок на Таравари, и ако утре се носи одлуката, можеби ќе се случи некој пресврт. Но, Претседателот на Владата,  Џафери, вели Петровска,  сигурно добил предлог од политичката партија врз основа на што го доставува за разрешување и  назначување на нови министри во Собранието.

Алијанса за Албанците СДСМ Славјанка Петровска Техничка Влада
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 29, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

ВЕСТИ June 29, 2026

Мајка, која беше извлечена од урнатините на нејзиниот уништен дом со своето бебе старо…

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.