НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грчките пратеници денеска ќе гласаат за законот за истополовите бракови

0
By Marija Todorovska on February 15, 2024 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со поддршка од дел од пратениците од владејачката Нова демократија и со пратеници од четири опозициски партии, се очекува вечерва законот за истополовите бракови да биде изгласан во грчкиот Парламент.

Расправата за предлог-законот „Еднаквост во граѓанските бракови, измена на граѓанскиот законик и други одредби“, што предвидува проширување на можноста за брак на лица од ист пол во Грција и да ја зајакне заштитата од дискриминација, започна вчера, продолжува денеска и ќе заврши вечерва со гласање на пратениците.

Во текот на вчерашниот ден, дел од пратениците од Нова демократија од собраниската говорница соопштија дека ќе гласаат против.

Од 158 пратеници од владејачката партија, според „Катимерини“, меѓу 105 и 110 ќе го поддржат законот, а останатите или ќе бидат против или ќе отсуствуваат од гласањето.

На гласањето ќе му претходат говори на лидерите на партиите, како и на грчкиот премиер.

Државниот министер на Грција Акис Скерцос пред две седмици го достави предлог-законот во грчкиот Парламент по што следеше и дискусија на надлежната комисија, а известувачите од Нова Демократија и од опозициските СИРИЗА, ПАСОК, Нова левица и Курс на слобода при нивните образложувања начелно се изјаснија позитивно, додека пак Комунистичката партија, Грчко решение, Победа и Спартанци се против.

Со законот лицата од ист пол ќе добијат законска можност да склучат граѓански брак, а досега единствено беше легален договорот за соживот.

Паралелно со расправата, во центарот на Атина се закажани и одделни собири, еден за поддршка на законот, друг против.

Протест против законот се одржа во неделата кога голем број граѓани со грчки знамиња, икони, крстови, транспаренти со пораки, но и говори, се собраа за да го изразат нивното несогласување.

Грција истополови бракови парламент
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.