Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Внатрепартиската Фракцијата на ВМРО-ДПМНЕ, поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски

0
By Marija Todorovska on February 15, 2024 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 15, 2024 12:42

„Внатрепартиската Фракцијата за демократизација и ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ”, претставена од професор д-р Оливер Андонов, во текот на вчерашниот ден (14.02.2024 год.), до Управниот Суд во Скопје поднесе ТУЖБА против ВМРО – ДПМНЕ, претставувана од професор д-р Христијан Мицкоски кој како претседател на партијата согласно член 35 став 1, алинеја 1 и алинеја 3 од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ, е Одговорно лице задолжен да се грижи за спроведување на Статутот на партијата и законско и уставно работење на Политичката Партија ВМРО-ДПМНЕ, соопштуваат од Внатрепартиската Фракцијата за демократизација и ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ.

Тужбата до Управниот суд, како што велат, се однесува на непосредно сторени против законити дејствија „Тешки повреди на Статутот на партијата” во врска со начинот на свикување на „Конвенција за избор на кандидат за претседател на државата” , процедурата и условите за кандидирање и избор на кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението се вели дека со оваа Тужба, членовите на ВМРО -ДПМНЕ поддржувачи на внатрепартиската фракција, преземаат конкретни законски мерки и активности за заштита на законитоста и интересот на членови на ВМРО-ДПМНЕ од самоволието на нелегитимниот претседател Христијан Мицкоски.

 Грубото кршење на Статутот на партијата во пресрет на претседателските и парламентарните избори, за „Фракцијата за демократизација и ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ”, претставува само уште една груба манипулација со членовите на ВМРО-ДПМНЕ но и граѓаните на Македонија.  Мицкоски веќе еднаш стори грубо прекршување на Статутот на ВМРО-ДПМНЕ кога на 12 декември 2021 година, токму преку серија повреди на Статутот организираше нелегален Конгрес, на кој се самоизбра за претседател на партијата. Во овој случај преку прекршување на статутарните одредби, на октроираниот Статут скроен по негова мерка, Мицкоски покрај влијание и манипулација со членовите на ВМРО-ДПМНЕ, извршува директна манишулација на граѓаните на Македонија, лажејќи ги за наводни демократски процедури во партијата и божем личен демократски капацитет. За текот и резултатите од поднесената Тужба во Управниот Суд, “Внатрепартиската Фракција за демократизација и ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ” благовремено ќе го информира членството на партијата и македонската јавност„се наведува во соопштението на „Фракцијата за демократизација и ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ”.
ВМРО-ДПМНЕ тужба Управен суд Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.