НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Измените на Изборниот законик се веќе подготвени

0
By Marija Todorovska on February 20, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски истакна дека измените на Изборниот законик се веќе подготвени согласно препораките на ОБСЕ и ОДИХР и во моментот кога ќе бидат ставени на гласање во Собранието, СДСМ ќе ги поддржи.

Во однос на посуштински измени на Изборниот законик, Ковачевски останува на ставот дека е предоцна на веќе распишани избори да се менува изборното законодавство.

-Денеска ако ги стават на гласање измените на Изборниот законик, денеска ќе ги изгласаме. Што се однесува до суштински измени, може да се отвори дискусија но сметам, а гледам дека и другите политички партии сметаат, дека сега е предоцна на веќе распишани избори да се менува изборно законодавство, изјави Ковачевски по денешната посета на Центарот за социјално претприемништво во Скопје, по повод Меѓународниот ден на социјална правда.

Ковачевски потенцираше дека СДСМ на изборите ќе има свој претседателски кандидат како и на сите избори од осамостојувањето на државата и ги повика сите политички партии кои ги делат вредностите на СДСМ да го поддржат нивниот кандидат.

-Легитимно право е на секоја политичка партија да кандидира свој претседателски кандидат и согласно динамиката на политичките процеси очекувам сите оние кои ги делат нашите вредности да го поддржат нашиот кандидат, додаде Ковачевски.

Прашан како ќе влијае на СДСМ тоа што ДУИ ќе има свој кандидат на изборите, Ковачевски рече дека со ДУИ уште пред една година разговарале за предизборна коалиција со цел обезбедување на поширок консензус во делот на интегрирање во ЕУ, но одлуките зависат од расположението на партиското членство и од анализите и анкетите.

Тој посочи дека СДСМ ќе има свои носители во сите изборни единици, а дали дел од тие пратенички листи ќе бидат претставници од ДУИ или од други политички партии кои не се традиционално со СДСМ во коалиција, тоа сепак ќе го покажат анализите и одлуките на партиските органи.

На новинарско прашање дали ДУИ и СДСМ ќе остварат средба неделава на која ќе се разговара за заеднички листи, Ковачевски рече дека таква средба не е закажана.

-Таква средба не е закажана. Можеби од партиите разговарале на ниво на секретари. Ако има средба тогаш ќе бидете информирани. ДУИ сигурно има свои проценки во однос на програмите на претседателските кандидати кои ги имаат. Нашиот претседателски кандидат се залага за интегреирање на Северна Македонија во ЕУ, за градење на општество во кое секој поединец ќе биде третиран на ист начин без разлика на неговата етничка или која било друга припадност, бидејќи ние сме имале во држава времиња кога не бил ист третманот за сите, додаде Ковачевски.

На новинарско прашање дали е точно дека неделава СДСМ ќе го соопшти претседателскиот кандидат, Ковачевски повтори дека конгресот на кој што се соопштува претседателскиот кандидат ќе биде или на крајот на овој, или на почетокот на идниот месец.

Димитар Ковачевски Изборен законик ОБСЕ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.