НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Посечната плата ќе е над 1.000 евра во мојот втор мандат

0
By Marija Todorovska on February 23, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, денеска ја посети компанијата „Киел Македонија“, во ТИРЗ зоната во Тетово. Во рамки на посетата, тој ја истакна континуираната заложба на СДСМ за развој на економијата како и раст на платите, со цел да се обезбеди подобар животен стандард за граѓаните.

„Од вчера просечната плата е рекордно највисоко ниво, 40.000 денари, тоа се 650 евра, што е за  360 евра повеќе од 2017 година. Рекордна минимална плата од над 22.500 денари ќе се обезбеди со следното усогласување согласно Законот за минимална плата,  што ќе стапи на сила идниот месец. Тоа е за 180% зголемување споредено со претходно кога  минималната плата беше 8.050 денари“, рече Ковачевски во изјавата за медиуми по посетата на компанијата.
Претседателот Ковачевски се осврна и на фактот дека сите подобрувања кои се случија за време на Владите предводени од СДСМ се само поттик за уште попосветена работа во наредниот период.
„Овие подобрувања не значат дека ние ќе застанеме тука, напротив, во наредниот период, во мојот втор мандат како претседател на Владата, ќе работиме да дојдеме до над 1.000 евра просечна плата и минимална плата од 600 евра. И ова, ве уверувам дека со правилни политики е достижно, како што покажавме дека овие историски највисоки нивоа кои денес ги имаме, се исто така достижни. Јас често велам, со напорна работа, нема недостижна цел. Никој не веруваше дека 500 евра просечна плата до 2024 година е можно и остварливо. Но, како што знаете, тоа ветување, СДСМ го оствари со уште поголем износ. Така ќе биде и овој пат со ветувањата кои ќе бидат дел од предизборната програма на претстојните избори“, порача претседателот на СДСМ, Ковачевски.
Влада Димитар Ковачевски СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.