Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ристов: Академската фела си го враќа заслуженото место во нашето општество и дигнитет како предводник на прогресот и напредокот на државата

0
By Marta Pesevska on February 29, 2024 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ОБРАЗОВАНИЕ
УКИМ
УКИМ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 29, 2024 18:41

„Денес беа исплатени повисоките плати во согласност со Колективниот Договор кој почна да се применува од 1.1.2024 година. Синдикатот е задоволен од постигнатиот историски успех – враќање на угледот и достоинството на УКИМ и подобрување на стандардот на вработените со добивањето на достојни плати. Почитувањето на Колективниот договор од страна на државата е израз и потврда на загарантирана со Уставот, Автономија на Универзитетот. Но, и поттик и обврска за наставниот кадар за поголеми научни вложувања и достигнувања во иднина. Со правата добиени од Колективниот договор академската фела си го враќа заслуженото место во нашето општество и дигнитет како предводник на прогресот и напредокот на државата“, вели Претседателот на Сојузот на синдикатите на УКИМ ,проф. Ангел Ристов.

Околу 3.000 професори, асистенти, административни и технички лица на својата сметка денес добија плата повисока за 22 отсто, а дополнително зголемување за одреден процент ќе има и од месец март, кога е предвидено и зголемување на минималната плата во државата.

Зголемувањето за академските работници се должи на истрајната посветност и работа на Сојузот на синдикати на УКИМ кои во преговори со Собранието и ресорните министерства успеаа да го верификуваат Колективниот Договор.

Ристов вели дека соработката на УКИМ со државата треба да продолжи, а за де се има подобро и поквалитетно образование потребно е повеќе да се вложува во истото.

„Ако една држава сака да чекори по стапките на прогресот мора задолжително да води сметка за науката и високото образование на младите. Тие се нашата иднина. Затоа државата треба да ги зголеми буџетските средствата за наука и истражувања ако сака да го унапреди квалитетот во високото образование и науката за доброто на граѓаните“, смета Ристов.

Примената на договорот се очекува значително да ја подигне мотивацијата за работа и квалитетот на наставно-научниот процес, во интерес на студентите и создавање што поквалитетни генерации кои успешно ќе се интегрираат и ќе раководат со општествените процеси.

академска фела Ристов УКИМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.