Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски очекува Северна Македонија да влезе во ЕУ во негов евентуален втор мандат, шефот на државата се надева и на гласови од ДУИ

0
By Marija Todorovska on March 1, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 1, 2024 13:24

Актуелниот претседател Стево Пендаровски денеска на прес-конференција, најави дека повторно ќе се кандидира за функцијата. Во текот на викендот, се очекува владејачката СДСМ и официјално да го поддржи Пендаровски во трката за втор мандат.

Претседателот порача дека добил јавна поддршка од голем број граѓани, дел од нив јавни личности, професори и културни работници.

-Во недела ќе бидам на Конгресот на СДСМ, само во тој дел, за да им се заблагодарам за поддршката, а од понеделник ќе имам средби со сите десетина партии од таа коалиција, од кои ќе сакам да слушнам предлози, кои би ги вклучил во мојата програма. Станува збор за граѓанска кандидатура и ги повикувам сите граѓани, од недела 3-ти март, да дадат поддршка за мојата кандидатурата во подрачните единици на ДИК, истакна Пендаровски.

За причините зошто се кандидира, претседателот вели дека зад има себе мандат без ниту една стратешка грешка, без ниту една корупциска афера и без ниту еден случај на непотизам. Очекува во неговиот евентуален втор мандат, Македонија да стане членка на ЕУ.

-Веројатно за првпат во македонската историја, ќе имаме најголема бројка на кандидати во првиот круг од претседателските избори и тука се можни преклопувања на партиските електорати. Можеме да имаме дури седум кандидати во првиот круг, рече шефот на државата, Стево Пендаровски за неговите очекувања од претседателската трка.

На прашањето дали доколку отиде во вториот круг, ги очекува гласовите од Албанците и партијата ДУИ, Пендаровски наведе дека ги очекува гласовите од сите етнички заедници, како што било и во 2014 година. Претседателот информира дека во таа година имал 35 илјади албански гласови, без политички договор.

Вели дека „не размислува на тој начин“ кој би бил негов противкандидат во вториот круг од претседателските избори. Ги почитува сите кандидати и истакна дека има коректни односи.

-Се кандидирам, не само за да учествувам на изборите, туку и да победам, категоричен е Пендаровски, давајќи одговори на новинарски прашања на прес-конференција, на која ја најави неговата повторно кандидатура за местото во „Вила Водно“.

Д.В / Цивил Медиа

втор мандат ДУИ кандидатура Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 19, 2026

Филипче: Доста е со лагите и лицемерието – во владата врие од бугарски пасоши

ВЕСТИ May 19, 2026

Прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче:

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина – на списокот уште ја нема Северна Македонија

May 18, 2026

Венко Филипче објави Фронтот за вистина и правда

May 17, 2026

43-тиот кочански марш за Ангелите се случи во Виница

May 17, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.