Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи: Со околу 100 милиони евра поддржавме 919 компании кои во нашата економија инвестираа околу 500 милиони евра

0
By Marija Todorovska on March 4, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 4, 2024 19:19

аменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска учествуваше на „Копаоник бизнис форум“, кој се одржува во Србија, а каде беше дел од панел дискусијата на тема „Западен Балкан: Регионална економска соработка“.Тој истакна дека меѓусебната соработка и создавањето на силна економска меѓузависност, наместо зависност, во регионот е патот кој целиот Западен Балкан ќе го води кон просперитет, раст, развој и отпорност на економијата, притоа посочувајќи дека на овој начин ќе се олесни и вклучувањето во единствениот европски пазар.

„Регионална конкурентност, наспроти регионална конкуренција е нашиот избор. Регионалните иницијативи треба да ги прифаќаме како можност за олеснување на соработката помеѓу земјите од Западен Балкан и зголемување на конкурентноста на нашите економии“, рече вицепремиерот Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи во панел дискусијата зборувајќи за предизвиците кои ги наметнува геополитичкиот контекст се осврна и на потребата од „near shoring“ кај компаниите што се соочуваат со прекин во синџирот на снабдување.

„Особено во овој пост-кризен период, near-shoring-от, е јасна и научена лекција која земјите од Западен Балкан треба брзо треба да ја применат и да ја искористиме нашата близината до европските центри, да прераснеме во економски простор во кој ќе се реализираат нови инвестиции, кои ќе донесат додадена вредност“, рече вицепремиерот Битиќи.

Тој се осврна и на економските политики на Владата на Република Северна Македонија за зајакнување на конкурентноста на економијата, пришто зборуваше за Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

„Подеднакво ги третираме домашните и странските компании, активно им помагаме да бидат повеќе конкурентни, да изградат капацитети да ги задоволат високите стандарди во различни индустрии. Имаме значајни бројки, само преку овој закон со околу 100 милиони евра поддржавме 919 компании, кои во нашата економија инвестираа околу 500 милиони евра. На овој начин создаваме домашно конкурентна економија и креираме додадена вредност“, рече вицепремиерот Битиќи.

„Копаоник Бизнис Форум“ битиќи економија инвестиции странски фирми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.